2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕГрицкање нокти - лоша навика, ослободете се од неа!

Грицкање нокти – лоша навика, ослободете се од неа!

grickanjenokti1

Освен што со грицкањето на ноктите грицкате и штетни бактерии како стафилококите кои живеат под ноктите, оваа лоша навика пречи на нормалниот раст на ноктите и предизвикува деформации.

Оваа лоша навика ја практикуваат околу 15 проценти од возрасните луѓе и 30 проценти од децата. Како да се престане?

1. Разубавување на ноктите

Почнете да одите на професионален маникир на секои 2 или 3 недели. Кога ноктите ќе ви изгледаат убаво, ќе ви биде жал да ги јадете.

2. Сечење

Доколку ги сечете редовно вашите нокти ќе имате помалку за грицкање. А ако подолг период немате нокти за грицкање, постепено ќе започнете да се откажувате.

3. Заменска навика

Доколку грицкате затоа што немате што да правите со рацете, најдете некоја друга навика која ќе ви ги држи рацете зафатени и ќе ви ја ублажи напнатоста.

4. Горчина

Доколку ги намачкате со горчлива течност, грицкањето ќе ви биде неудобно и невскусно. Постојат специјализирани течности за таа намена, набавете ги.

5. Опуштање и лечење

Грицкањето нокти во многу случаи е последица на некои подлабоки потешкотии. Запрашајте се што ги предизвикува вашите потешкотии. Напнатоста која води до грицкање често настанува по некој стрес, а оваа лоша навика помага при ублажувањето на стресот во емотивно тешки ситуации. Тогаш, личноста автоматизирано грицка нокти.

Децата на пример, престануваат со грицкање откако ќе заврши стресната школска година. Но, кај возрасните е малку покомплицирано и обично трае многу подолго, бидејќи кога стресот ќе престане, личноста продолжува несвесно да ги грицка ноктите. Затоа, на лицата кои се константно под стрес експертите им препорачуваат да се занимаваат со смирувачки активности кои ќе ги развеселат и ќе ја ублажат напнатоста, како на пример спортување.

Сепак, понекогаш проблемот лежи во длабоко потиснат психолошки проблем, па може да е потребна и стручна помош. Грицкањето нокти може да биде показател и на опсесивно-компулсивно пореметување.

И за крај… најважна е волјата и решителноста. Доколку сте решени да се откажете, ќе бидете упорни и кога-тогаш ќе успеете да се ослободите од оваа непријатна навика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП