ПочетнаЗДРАВЈЕКолку време е потребно црниот дроб да се опорави од алкохол?

Колку време е потребно црниот дроб да се опорави од алкохол?

Црниот дроб има способност да се опорави, но брзината и можноста за закрепнување зависат од тоа колку е сериозна штетата.

Темата повторно се актуелизираше по новата сезона на серијата „Кларксоновата фарма“, во која водителот Џереми Кларксон, познат и по емисијата „Top Gear“, откри дека лекарите му наредиле да престане да пие алкохол поради здравствени проблеми.

Во случај на алкохолен замастен црн дроб, „NHS“ наведува дека состојбата може да се подобри по неколку недели апстиненција од алкохол. Ова е првата фаза на заболување на црниот дроб поврзано со алкохол и може да се појави по само неколку дена обилно пиење.

Кларксон во емисијата рече: „Не можам да пијам затоа што мојот црн дроб е ебан“, додека неговата партнерка Лиса Хоган се обиде да го охрабри велејќи: „Твојот црн дроб ќе се опорави“, пишува „LADbible“.

Опоравувањето зависи од фазата на оштетување

Втората фаза е алкохолен хепатитис, кој обично се јавува по долготрајна злоупотреба на алкохол. Симптомите може да вклучуваат жолтица, болка во горниот дел на стомакот, замор, треска и гадење. Оваа состојба може да биде и реверзибилна, но бара целосно и трајно прекинување на консумирањето алкохол.

Третата и најтешка фаза е цироза, во која црниот дроб веќе е сериозно оштетен од лузни. Националната здравствена служба (NHS) вели дека оваа штета е неповратна, но прекинувањето на пиењето може да спречи понатамошно влошување. Ако лице со цироза продолжи да пие, „NHS“ вели дека има помалку од 50 проценти шанси да живее уште пет години.

Откажувањето од алкохол не е добро само за црниот дроб, туку и за срцето. Британската фондација за срце вели дека прекумерното пиење може да го зголеми ризикот од срцев удар и мозочен удар, палпитации и аритмии. Кларксон не откри детали за состојбата на црниот дроб, но подоцна рече дека медицинскиот преглед покажал дека неговиот црн дроб е „добро“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП