ПочетнаЗДРАВЈЕАко ве фати глад навечер, оваа храна е спас – не дебелее...

Ако ве фати глад навечер, оваа храна е спас – не дебелее и смирува

Чувството на глад доцна навечер не е реткост, но изборот на храна во тие моменти може да направи голема разлика – и за сонот и за здравјето. Наместо тешки и масни оброци кои го оптоваруваат организмот, постојат намирници што можат да ве заситат, а истовремено да ви помогнат полесно да заспиете.

Еден од најдобрите избори за вечерен оброк е мисиркиното месо. Богато е со протеини, кои го намалуваат гладот, но и со Л-триптофан – аминокиселина која го поттикнува чувството на смиреност и поспаност.

Добра опција се и лесни комбинации како крекери со сирење и јаткасти плодови. Тие обезбедуваат баланс на протеини и влакна, а сирењето дополнително придонесува за подобар сон. Сепак, се препорачува избор на помалку масни, свежи сирења.

Ако сакате нешто полесно, зеленчукот во комбинација со хумус е идеален избор. Моркови, краставици или домати ќе ве освежат, а хумусот ќе ви даде доволно енергија без да ве оптовари. Најдобро е да се внимава на составот ако се купува готов производ.

Јаткастите плодови, особено ф’стаците, исто така се одличен избор. Тие содржат корисни масти, протеини и минерали кои му помагаат на организмот да се релаксира пред спиење.

За љубителите на благо, комбинацијата од банана и путер од кикирики е практична и хранлива. Бананата содржи калиум кој ги опушта мускулите, додека путерот од кикирики обезбедува здрави масти и дополнителен триптофан.

Сепак, важно е да се внимава што се избегнува навечер. Храната богата со сол и тешките оброци можат да го нарушат сонот и да предизвикаат будење во текот на ноќта. Редовната и балансирана исхрана во текот на денот е најдобриот начин да се избегне доцното прејадување.

Во ситуации кога гладот е поврзан со стрес или немир, подобар избор од храна може да биде топол чај од нане или камилица, кој помага телото да се опушти и полесно да влезе во фаза на одмор.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП