25 април, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИ Јапонскиот Јен ја достигна најниската вредност за 2013-та година

Јапонскиот Јен ја достигна најниската вредност за 2013-та година

yen

Како што се ближи крајот на 2013-та година така и се одредуваат максималните и минималните вредности на валутите за оваа година.

За 2013-та година најзначителен тренд проследивме кај Јапонскиот Јен кој цела година забележа феноменален пад во однос на сите останати валути и се врати на една стара средна вредност од претходната декада кога доминираше на пазарот.

Американскиот Долар во однос на Јапонскиот Јен скоро цели 14 години паѓаше од највисокото ниво во 1997-ма година од цена 147,50 јени за еден долар се до 2011-та година на 75,50 јени за долар или разлика од 7000 поени или пипа. Во 2011-тата година јапонците започнаа со низа програми со цел за намалување на вредноста на сопствената валута која достигна опасно ниво за нивната економија и до ден денес успеваат да ја намалат вредноста на Јенот во однос на Доларот на цена од 103.00 јени за долар или 2700 поени разлика – 35% од севкупната разлика на највисоко и најниско ниво за сите времиња.

usdjpymo

Според техничките анализи влијателните процентуални нивоа како 33%, 50%, 61,8% секогаш претставуваат позначајни отпори или поддршки на цената и во 90% од случаевите цената се одбива од тие нивоа, како на пример моменталната ситуација каде следиме корекција на цената кај USD/JPY на околу 33% од севкупната вредност на цена 103,00 (цена која ја одредивме во претходните анализи)

Доколку цената на USD/JPY продолжи со корекцијата најверојатно ќе падне до цената на претходното пробивање на психолошкото ниво од 100,00 или поточно на моменталната креирана поддршка на 100,50 што претставува разлика од 200 пипа.

usd

Во секој случај доколку се одредите да ја реализирате оваа идеја за продажба на Американски Долар во однос на Јапонски Јен треба внимателно да ги проследите и новите економски вести кои следуваат денес и утре кои се ултра важни за американскиот долар, а со евентуални слаби резултати посебно за индексот на вработеноста во САД за месец Ноември цената ќе се спушти до одреденото ниво 100,50.

Преку услугите на Адмирал Маркетс оваа идеја може да ја реализирате во живо со Форекс Сметките и доколку се оствари предвидувањето вашите профити ќе изнесуваат околу 20 000 долари за трговија со 10 лотови, 2000 долари за налог со големина од 1 лот, а за микро трговците со големина од 0,1 лот профитот би изнесувал 200 долари.

 

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП