26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонско-унгарски бизнис форум

Македонско-унгарски бизнис форум

bf

Во Скопје денеска ќе се одржи Македонско-унгарски бизнис форум на кој се очекува да се обратат премиeрите на двете земји Никола Груевски и Виктор Орбан.

Oбраќање пред претставниците на компании од Македонија и од Унгарија е најавено да има и директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фидан и потпретседателот на Унгарската агенција за странски инвестиции Петар Билек.

На форумот ќе учествуваат претставници на околу 30 компании од Унгарија. Форумот е резултат на потпишаниот договор меѓу Агенцијата за странски инвестиции на Македонија и Агенцијата за странски инвестиции ХИТА од Унгарија.

Македонија и Унгарија оваа година, во услови на криза, за првите девет месеци имаат зголемување на трговската размена која изнесува некаде околу половина милион долари.

Вчера, во Скопје се одржа втората седница на мешовитата македонско унгарска меѓувладина комисија за економска соработка.

Според министерот за економија Ваљон Сарачини, трговскиот раст со Унгарија е резултат на одржаните средби на бизнис форумот, како и на повеќе потпишани договори меѓу двете земји.

Тој и копретседавачот на комисијата Петер Сијарто, државен секретар за надворешна политика и надворешна трговија во Кабинетот на унгарскиот премиер, договорија наши студенти идното лето да може да одат на практична настава во унгарски компании или пак странски компании кои имаат отворено свои погони во Унгарија.

Сарачини најави дека денеска ќе бидат потпишани три договори со унгарските претставници и тоа во областа на образованието, екологијата и културата, а Сијарто дека денеска треба се потпишат и договори за соработка меѓу водостопанските претпријатија од Будимшпешта и Охрид, три спогодби во областа на туризмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП