
Списанието „Њузвик“ од следната година повторно ќе излегува во печатена форма, изјави главниот уредник на списанието Џим Импоко.


Списанието „Њузвик“ од следната година повторно ќе излегува во печатена форма, изјави главниот уредник на списанието Џим Импоко.
Тој нагласи дека новиoт сопственик на списанието, компанијата „Ај-Би-Ти Медиа“, сакаат неделникот да биде воглавно финансиран од претплата, а не од реклами.
Оценките покажуваат дека неделникот ќе чини околу десет долари.
Списанието, кое порано беше во сопственот на Ај-Еј-Си, престана да се печати на хартија кон крајот на минатата година. Неделникот се објавуваше само на Интернет, а во август беше купен од Ај-Би-Ти.