6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА10 визии на иднината: Компјутерите ќе исчезнат, нашиот мозок ќе биде дел...

10 визии на иднината: Компјутерите ќе исчезнат, нашиот мозок ќе биде дел од интернетот

vizija

Во една статија за „New York Times“, Американскиот научник Мичио Каку, опишал како според него ќе изгледа нашиот живот во иднината.

Тој во ова предвидување ги користел следниве критериуми, тие мораат да бидат во склад со законите на физиката и мора да постојат прототипи како „доказ на принципот“.

„Имав контакт со повеќе од 300 од најголемите светски научници, а многумина од нив ми овозможија пристап до лабораториите во кои ја измислуваат иднината. Врз основа на разговорите со нив, ви давам увид во она што можете да го очекувате во наредните децении“ – вели Мичио Каку.

1. Ќе исчезнат компјутерите.

vizija1

Според Муровиот закон, силата на компјутерите ќе се зголемува секои 18 месеци. Тоа значи дека за десетина година чиповите ќе чинат околу едно пени. Компјутерите во денешен облик нема веќе да постојат, но сепак ќе ги има насекаде и секогаш. Неизбежни, но скриени, како струјата и водоводниот систем. Ќе не следат тивко и незабележливо и ќе ни ги исполнуваат желбите секаде и секогаш.

2. Зголемената реалност ќе стане дел од секојдневието.

vizija2

Кога интернетот ќе биде достапен за посредство со контактните леќи, покрај лицето на личноста со која разговараме ќе можеме да ја видиме и нивната биографија, а во случај да зборува на странски јазик на располагање ќе ни биде и превод. Контактните леќи со пристап до интернет ќе воведат револуција во животите на актерите, политичарите, хирурзите, туристите, војниците и астронаутите, бидејќи ќе биде доволно да трепнат со окото за на располагање да им бидат дадени мапи, сценарија, говори, биографии и слично.

3. Наместо интернет ќе користиме „Мозок-нет“.

vizija3

Во блиска иднина ќе ги управуваме компјутерите со мислите, а не со глувче. САД  и Европската унија вложуваат стотина милиони долари во мапирање на нервните патишта во мозокот. Овој голем научен проект би можел да ги олесни маките на ментално заболените и да им овозможи на парализираните лица со помош на мислите да управуваат со компјутерите, инвалидските колички и механичките екстремитети, но и да ги користат домаќинските апарати и да играат видео игри.

Со посредство на телепатија (контакт со мислите) и телекинеза (придвижување на предмети според желба) ќе можеме да ги прикачуваме на интернет сеќавањата, да направиме „мозок-нет “ и да бегаме од мислите, па дури и од соништата. Кога би можеле да ги прикачиме мислите на интернет, невработените луѓе еден ден ќе можат да се преквалификуваат и да научат нови вештини, а студентите ќе можат да посетуваат настава додека спијат.

4. Капитализмот ќе биде усовршен.

vizija4

Фактот дека секој ќе знае се за некој производ, услугите и корисникот ќе допринесат во развојот на „совршен капитализам“. Сите точно ќе знаеме каде постои понуда, а каде побарувачка, па пазарот ќе биде значително поефикасен. Во тек е дигитализација на индустриските претпријатија. Моментално се дигитализираат медиумите, а во наредната деценија ќе биде дигитализирано и образованието, медицината и сообраќајот.

5. Роботите ќе станат составен дел од секојдневието.

vizija5

Вештачката интелигенција полека го освојува секојдневието. „Рободокторите“ и „робоадвокатите“ наскоро во секој момент ќе нудат корисни совети на разбирлив јазик, кои ќе можат веднаш да се применат.

Автомобилите без возач со „GPS“ управување ќе бидат составен дел од улиците, а „сообраќајна несреќа“ и „сообраќаен метеж“ ќе станат застарени изрази.

Роботичката индустрија ќе стане многу поразвиена од денешната автоиндустрија. Во услови кога општството станува се постаро, Јапонија, која произведува 30 проценти од светските роботи, веќе прави роботски болничарки. Механички хигиеничарки, готвачи, музичари и помошници ќе станат составен дел од „опремата“ во нашите домови.

6. Истрошените делови од телото ќе можат да се заменат.

vizija6

Заболените и старите делови на телото ќе можат да се заменат, исто како што тоа денес го правиме со возилата. Научниците веќе одгледуваат кожа, рскавица, крвни садови, носови, мочни меури и душници од човечки клетки. Во иднината, ќе се развиваат посложени органи, како црни дробови и бубрези. Па од употреба ќе биде исфрлен и изразот „откажување на органот“.

7. Родителите ќе си ги дизајнираат потомците.

vizija7

За неколку децении родителите ќе можат да ги бираат генетските карактеристики на своите деца. За помалку од 100 долари, ќе можеме да ги секвенцираме и регистрираме своите гени. Оштетените и нефункционални гени во нашиот геном ќе можат да се излечат со помош на генетска терапија. Научниците веќе ги изолираа гените на „паметен глушец“ и „моќен глушец“ од кои можат да се направат глувци со извонредно памтење и сила, а еквиваленти на тие гени постојат и кај луѓето.

8. Животот ќе се продолжува со помош на „Сајбермедицината“.

vizija8

Процесот на стареење би можел да се забави. Денес знаеме дека стареењето настанува како последица на сплет на грешки на ниво на гените и клетките. Ако ни појде од рака да ги отстраниме погрешните споеви во механизмите кои обично се одигруваат во клетките, нашиот животен век би можел да се продолжи.

9. Диктаторите ќе станат големи губитници.

vizija9

Дигиталната револуција ќе им даде моќ на обесправените, особено на луѓето кои живеат под власт на диктатор. Интернетот им овозможува на луѓето да сфатат дека не мораат да живеат како робови. Диктаторите кои се плашат од интернетот и нивните луѓе ќе станат големи губитници.

10. Интелектуален капитализам наместо пазарен капитализам.

vizija10

Се наоѓаме во историска фаза на премин од пазарен капитализам, заснован на стоки, на интелектуален капитализам, заснован на знаење. Земјите кои ќе инвестираат исклучиво во земјоделие веројатно ќе се соочат со ослабнување на економијата. Земјите кои користат стоковен капитализам како отскочна даска на патот кон мешовита економија заснована на стоковно-интелектуален капитализам, најверојатно ќе се збогатат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП