2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија треба да им биде благодарна на Романците и Бугарите, смета...

Велика Британија треба да им биде благодарна на Романците и Бугарите, смета романски министер

city

Велика Британија треба да им биде благодарна на Романците и Бугарите, затоа што тие ги прифаќаат работните места кои ги избегнуваат Британците, изјави романскиот министер за труд Маријана Кампјану во интервју за весникот „Тајмс“.

– Обединетите Кралство треба да им биде благодарано на романските имигранти, кои ги пополнуваат празните места во земјоделството и хотелиерството, кои Британците ги избегнуваат, нагласи Кампјани и ги осуди ксенофобичните и растистички напади врз романските граѓани во Велика Британија.

– Доколку се има предвид фактот дека романските граѓани во Велика Британија исто така придонесуваат за бруто домашниот производ и оти многу од нив се млади и добро квалификувани, Велика Британија треба да биде благодарна што тие луѓе доаѓаат да живеат тука, посочи романската министерка за труд.

Таа одби да даде проценка за тоа колку Романците би заминале во Велика Британија по 1 јануари 2014 година, но нагласи дека повеќето романски државјани кои во моментов живеат во таа земја се економски емигранти и не живеат на сметка на државата.

Кампјану истакна дека го поддржува планот на британскиот премиер Дејвид Камерон за ограничување на социјалната помош за државјаните на ЕУ, но додаде дека токму таа социјална помош е причината поради која Британците не ги прифаќаат илјадниците ниско платените работни места.

Како пример таа посочи дека 22.000 работни места на берачи на овошје беа пополнети од Романци и Бугари со привремени визи во летниот период.

Таа додаде дека романските имигранти не ги пополнуваат само нископлатените работни места.

– Голем број лекари и медицински сестри и други здравствени работници доаѓаат да работат во Велика Британија и тоа е мошне добро обучен персонал, кој ќе даде суштински придонес за благосостојбата на британскиот народ, рече Кампјану.

– Ние имаме дефицит од десет илјади здравствени работници, а ако се земе предвид целиот медицински сектор, станува збор за недостиг од над 20.000, нагласи романската министерка за труд.

Таа истакна дека Велика Британија не треба да биде толку недоверлива кон странците.

– Неприфатливо е во 21-от век да се даваат такви расистички и ксенофобични изјави, а уште пожално е што тоа се случува во Велика Британија, додаде таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП