4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHilton хотелите излегуваат на берза

Hilton хотелите излегуваат на берза

hiltonhil1

Компанијата „Hilton Worldwide“ планира, во рамките на иницијалната јавна понуда (ИПО) да се здобие со 2,7 милијарди долари (1,99 милијарди евра).

Компанијата, која управува со ланецот хотели „Hilton“ го наведе ова во документите кои ги достави до американската Комисија за берза и хартии од вредност.

Првично беше планирано во рамките на примарниот запис на акции да собере околу 1,25 милијарди долари, пренесува агенцијата АП.

Компанијата прелиминарно ја одреди цената на акциите во опсег од 18 до 21 долари по акција. Стекнатите финансии планира да ги искористи за намалувањето на долгот.

Преку примарната емисија на акции, на пазарот би можеле да се најдат 13 проценти од компанијата. Планирата емисија би требало да биде најголемата ИПО во областа на хотелите и трета најголема ИПО во САД оваа година.

Компанијата во 1919 година ја основаше Конрад Хилтон, а таа сега поседува повеќе од 4.000 хотели во 90 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП