4 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИАвстралискиот долар кон најниската вредност

Австралискиот долар кон најниската вредност

Australian-Dollar

Се ближи крајот на 2013-та година, година која се одбележа со историски пад на австралискиот долар.

Доколку се навратите на повеќе претходни анализи ќе забележите дека потенциравме на овој можен пад на австралиската валута во повеќе наврати. На последната анализа од 11. 11. 2013. наведовме дека е веројатен уште еден пад на AUD/USD со крајна цел до 0,8900 а денес сме на само 60 поени или пипа разлика до тоа ниво на цена 0,9050.

Претходна анализа

audusddaily

Моментална цена

audus

Доколку цената на AUD/USD дојде до одреденото ниво на поддршка на најниската вредност за оваа година може да очекуваме и прва позначителна корекција и одбивање на цената над психолошкото ниво 0,9000. Наш предлог за реализирање на трговски налог е да се почека евентуалниот пад до 0,8900 и купување од таа цена со краткорочна цел и излезен налог на 0,9000.

Еврото во однос на австралискиот долар исто така достигна до највисока цена 1,5000 која по трет пат ја посетува истата и најверојатно и тука ќе се задржи подолг период се до некои нови важни вести за европската или австралиската економија. Според нашата анализа целта е достигната и може да се излезе од куповните налози при кој се реализирани големи профити. Следно за подолг период најверојатно ќе може да се основа нов тренд после новата година во зависност од севкупните економски и технички индикатори на годишно ниво.

Претходна анализа

eura

Моментална цена

eu

Срдечно,

Адмирал Маркетс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП