21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГруевски на бизнис форум во Лондон за привлекување странски инвестиции

Груевски на бизнис форум во Лондон за привлекување странски инвестиции

Macedonia's Prime Minister Gruevski listens to questions during a news conference in Salzburg

Во Лондон денеска ќе биде одржан форум за презентација на македонската бизнис клима на кој премиерот Никола Груевски заедно со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот без ресор Веле Самак и директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо, ќе ги презентираат
можностите за инвестирање во Република Македонија.

Форумот се организира во соработка со реномираната групација Фајненшл Тајмс, која учествува во организирањето на настаните со цел привлекување странски инвеститори.

– Ова ни е прво роуд шоу што го правиме заедно со Фајненшл тајмс. Досега организиравме со сопствени капацитети, но овојпат го вклучуваме Фајненшл тајмс со кој направивме многу добар аранжман и се надеваме дека ќе имаме добри гости кои ќе дојдат да ја слушнат приказната за Македонија насочена кон привлекување странски инвестиции и отворање нови работни места, истакна премиерот Груевски веднаш по пристигнувањето во Лондон.

На форумот во Лондон, покрај обраќањето на премиерот Груевски, презентации за инвестициската клима на Македонија ќе одржат и претставници на Џонсон Мети и на Кемет Електроникс корпорацијата.

Според програмата, ќе има и едночасовна панел дискусија во рамките на која ќе се обрати министерот Ставрески, по што ќе следат презентациите на министерот Самак и директорот Мизо.

Премиерот Груевски вчера имаше средба со претседателот на ЕБРД Сума Чакрабарти, а ја посети и Лондонската кралска болница.

Од Лондон, македонската делегација попладне заминува за Париз каде што ќе се одржи уште еден форум за презентација на можностите за инвестирање во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП