6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите на домашните банки им должат 222 милијарди евра!

Русите на домашните банки им должат 222 милијарди евра!

ruska

Вкупната вредност на парите кои граѓаните на Русија ја должат на домашните банки до крајот на оваа година би можела да порасне на 10 билиони рублји (222 милијарди евра).

Причината за растот на долговите на граѓаните е експанзијата на потрошувачките кредити во последно време, поради што економистите предупредуваат на големи потреси на пазарот, доколку овој тренд излезе од контрола.

За девет месеци во оваа година, обемот на потрошувачките кредити во Русија порасна за 36 проценти во однос на истиот период во 2012-та година, а бројот на луѓе со четири или повеќе кредити двојно се зголемил.

Според зборовите на директорот на регулативното одделение на „Банка Русија“, Василиј Поздишев, околу половина од наведената сума која Русите оваа година би можеле да ја должат на банките, ја чинат неосигураните кредити. Тоа укажува на влошување на кредитното портфолио на банките.

Централната банка поради тоа, покрај успорувањето на темпото на растот на руската економија, се труди да ја ограничи ризичната пракса во областа на кредитирањето.

Како што минатата недела рече претседателката на „Банка Русија“, Елвира Набиулина, потребно е да се одреди максималната каматна стапка на потрошувачките кредити. Во спротивно, според неа, тие кредити би можеле да станат закана за финансиската стабилност, но и на растот на руската економија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП