4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – „Нафтената индустрија на Србија“ (НИС) и канадската компанија „Ист Вест Петролеум“ добија дозволи за истражување на нафта и гас во романските концесиски блокови Баиле Феликс, Перијам и Билед. Претходна ваква дозвола конзорциумот на НИС и „Ист Вест Петролеум“ доби и за блокот Трија. Со договорот конзорциумот презема обврски на територија на четирите блокови да се спроведе 2Д сеизмички истражување, како и да изврши подготовки за душчење на 12 локации, по три во секој од блоковите.

Подгорица – Руската „Ен Плус група“, чиј сопственик е бизнисменот Олег Дерипаска, до Арбитражниот суд во Франкфурт ќе поднесе тужба против Владата на Црна Гора за надомест на штета од 93 милиони евра. Тужбата се поднесува поради „неисполнетите на ветувања“ и „загубениот профит“ на компанијата во ангажманот со Комбинатот за алуминиум – Подгорица (КАП). Тужбата ја подготвил поранешниот извршен директор на КАП, Јуриј Мојсијев, поради штетата која „Ен плус групата“ ја претрпела од воведениот стечај на КАП, без согласност на руската компанија. Стечајот на КАП беше воведен кон средината на јули, со што руската страна го загуби правото на управување со фабриката, но неа активирани и сите гаранции за кредитите на КАП, кои паднаа на товар на буџетот на Црна Гора.

Будимпешта – МОЛ е подготвена на разговори со хрватската Влада за иднината на енергетската компанија ИНА, но за корпоративно управување не може да се преговара, изјави директорот на управата на МОЛ, Жолт Хернади. – Ако хрватската Влада е подготвена да го поддржи т.н. деловен пат, тогаш ИНА ќе ја развиваме заедно, рече Хернади. – Ако хрватската Влада сака да го врати времето и да избере модел во кој Владата ги одредува насоките, ние сме подготвени да асистираме. Но, не сме подготвени на преговори околу управување со компанијата, рече Хернади.

Љубљана – Рускиот бизнисмен Валериј Аркелов за 8,5 милиони евра ќе го купи комплексот Римски Терми кај Цеље, поранешно воено одморалиште на ЈНА. Одморалиштето е реновирано, но од пролетта е во стечај и на банките и должи 28 милиони евра. Како единствен понудувач, Аркелов уплатил депозит пред јавниот тендер, кој требаше да се одржи во четврток, па е договорено да го купи одморалиштето за 8,5 милиони евра. Тој понудата ја дал преку „Терма Ресортс“, словенечка фирма ќерка на „Арсениј Плус“ од чешката бања Карлови Вари, чиј сопственик е Аркелов. Деновиве Аркелов треба да потпише купопродажен договор и да ја исплати договорената сума.

Њујорк – Американската бонитетна агенција „Стандард и Пурс“ го намали кредитен рејтинг на Холандија од врвните ААА на АА плус. Како причина за ваквата одлука се наведуваат намалените перспективи за стопанскиот раст на Холандија. – Намалувањето на рејтингот го отсликува нашиот став дека перспективите на економскиот раст на Холандија сега се послаби од претходните проценки, се наведува во соопштението на агенцијата. Трендот на стапката на реалниот холандски БДП по глава на жител постојано е понизок од соседните земји кои се на слично ниво во економскиот развој се додава во соопштението на „Стандард и Пурс“.

Сеул – Компанијата „Самсунг“ годинава во маркетиншка презентациј на електронски апарти ќе потроши дури 14 милијарди долари. што претставува 5,4 отсто од вкупните приходи на компанијата. За споредба, „Епл“ на маркетинг троши само 0,6 отсто од приходите. „Самсунг“ во овој удел го зазема првото место на листата од 20 светски најмоќни компании.

Њујорк – ММФ подготвува нов рецепт за должничката криза во еврозоната, јави „Њујорк Тајмс.“ Според новиот план на Бретон Вудс, сопствениците на обврзници на државите кои ќе западнат во долгови, треба да се подготват на финансиски откажувања, т.е. загуби, како и жителите на тие земји. Скицата на новиот предлог веќе ја поддржал Дејвид Липтон, заменик генерален директор на ММФ. Ваквиот план меѓутоа го отфрлаат глобалното банкарско лоби во еврозоната предводено од Германија, како и американската Администрација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП