3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрва награда за „Бекутан Радосница“ на Алкалоид за најдобра кампања на социјални...

Прва награда за „Бекутан Радосница“ на Алкалоид за најдобра кампања на социјални медиуми во Порторож

getImage

Во конкуренција на повеќе од триесетина финалисти, проектот „Бекутан Радосница“ на Алкалоид АД Скопје е добитник на наградата Златен Семплер на овогодинашниот 15. регионален медиумски настан Семпл во Порторож, Словенија. Жирито во интернационален состав ја прогласи кампањата на Алкалоид „Бекутан радосница“ за победник во категорија најдобра кампања реализирана на социјалните медиуми.

Бекутан дигиталната радосница, соопштија од Алкалоид АД Скопје, е современа, електронска верзија на добро познатите детски радосници, создадена со цел да се зачува традицијата на креирањето „книга на спомени“ независно од трендот на новите технологии. Во оваа Фејсбук Радосница, родителите можат на многу едноставен начин да ги сочуваат сите важни моменти и спомени за своите деца, но и да ги споделат со своите роднини и пријатели кои исто така можат да учествуваат во креирањето на содржината.

Веднаш по нејзиното активирање, Фејсбук радосницата предизвика огромен интерес во Македонија, Хрватска, Србија, Словенија…и  до денес, креирани се повеќе од 10.000 радосници.

Зад креирањето и реализацијата на Бекутан Радосницата стои ангажманот на маркетинг агенцијата Меккен Скопје, а наградата Златен Семпл е прва награда за Македонски проект од овој фестивал.

Семпл е интернационален медиумски настан чија цел е да претстави нови трендови и да ги анализира најдобрите практики. Секоја година, настанот собира на едно место стотици учесници од светската маркетинг и медиумска индустрија. Семпл е познат по квалитетот на својата програма, квалитетот на проектите и можностите за поврзување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП