4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Варшава – Полскиот концерн КГХМ сака да изгради фабрика за експлозив во рамки на Рударско топилничкиот басен РТВ Бор. Директорот на РТВ Бор Благоје Спасковски изјави дека разговорите со полскиот концерн КГХМ се однесуваат на изградба на нова фабрика за експлозив и на некои рудни наоѓалишта, а не на целиот РТБ Бор.

Белград – Српскиот министер за сообраќај Александар Антиќ со претставниците на Кинеската железничка корпорација ќе разговара за проект за модернизација на пругата Белград – Будимпешта. Антиќ рече за Танјуг дека тој проект е приоритетна задача во железничкиот транспорт, вреден околу 2,4 милијарди евра, чија реализација може да почне во 2015 година.

Брисел – Европската централна банка својата клучна камата на депозитите, која моментално изнесува 0 отсто ќе ја спушти на негативна територија во случај на екстремни ситации. ЕЦБ претходно овој месец ја спушти основната стапка за рефинансирање за четврт процентен поен на историски минимум од 0,25 отсто.

Мадрид – Приходот на Шпанија од туризмот за 10 месеци оваа година порасна за 8,2 отсто, во однос на истиот период во 2012 година, соопшти Министерството за индустрија, енергетика и туризам. Приходот порасна на 52,5 милијарди евра, по што Шпанија е втора туристичка дестинација во Европа. Просечната дневна потрошувачка на туристите изнесувала 109 евра, што е 2,7 отсто повеќе од 2012 година. Зголемениот приход од туризмот е резултат на раст на бројот на туристи на вкупно 54,3 милиони од почетокот на оваа година до крајот на октомври. Шпанија, која според бројот на странски туристи е четврта во светот, оваа година очекува вкупно 60 милиони странски посетители.

Загреб – За купување на 49 отсто акции на хрватскиот авионски превозник Кроација ерлајнз не стигна ниту една понуда, пишува Јутарњи лист. Загрепскиот весник се повика на информации со кои располага Центарот за реструктуирање и продажба ЦЕП. Рокот за доставување на писма со намера истече на полноќ. На состанокот со Комесаријаотт за управување со стратешки трговски друштва во ЦЕП надлежните министри ќе решат што понатаму. Според информациите на Јутарњи лист, ако не стигне ниту една понуда, најверојатно конкурсот ќе се продолжи за уште еден месец.

Подгорица – Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ рече дека таа држава сака идната година да биде најбрзо растечка инвестициона дестинација. На отворањето на конференцијата Економијата на Црна Гора – со соработка до просперитет, премиерот во Будва наведе дека владеењето на правото е важен предуслов за државите во регионот, еден од предусловите за економски просперитет.

Виена – Изгледите на стопанствата на земјите во централна, источна и југоисточна Европа ќе зависат од зајакнувањето на еврозоната, оцени Виенскиот институт за меѓународна економија. Стопанствата на земјите на централна, источна и југоисточна Европа ќе зависат од зајакнувањето на еврозоната, посебно во Германија, но големо влијание ќе имаат и разликите во фискалната политика – е главен заклучок од прогнозата на Виенскиот институт за меѓународна економија за периодот од 2013 до 2015 година. Буџетските мерки за штедење ќе влијаат на економскиот раст во Албанија и Русија, а во Србија би можеле да предизвикаат и рецесија, додека фискалното политичко олеснување во Чешка, Бугарија, Романија и на Косово во различни мерки можат да влијаат на поттик на растот, се истакнува во прогнозата.

Љубљана – Со објава во службен весник на Европската унија, словенечкиот мед е признат како прехранбен производ со заштитено географско потекло. Дека имало многу несогласувања и противници кои се потсмевале на иницијативата стара 15 години, за весникот Дело потврди професионалниот пчелар и член на пчеларскиот сојуз Милан Меглиќ, кој признава дека заштитата на географското потекло со национално име во ЕУ прилично е невообичаена, бидејќи обично се заштитува регионално карактеристичен производ. Претседателот на пчеларскиот сојуз Боштијан Ноч, исто така наведе дека словенечкиот мед е природен производ за кој не постои рецепт, бидејќи го произведуваат пчели. – Медот во Словенија се добива по надстандардни критериуми за квалитет, па уште во 1999 година на домашниот пазар го заштитивме како словенечки мед и воведовме колективна стокова марка. Сега успеавме да го сертифицираме и на ниво на ЕУ – потенцира Ноч.

Љубљана – Средствата за докапитализација на државните банки во Словенија се зголемени на 1,4 милијарди евра. Словенечката влада усвои измени на Законот за јавни финансии, каде средствата за докапитализација на банките кои се во државна сопственост, од 1,2 милијарди оваа година зголемени се на 1,4 милијарди евра. Со измените на Законот за јавни финансии се обезбедуваат дополнителни 200 милиони евра за јакнење на стабилноста на банките, пренесе интернет порталот Business.hr, повикувајќи се на соопштението од словенечката влада.

Брисел – Европската унија одлучи да го забрани увозот на овошје од Јужна Африка поради габична болест на црни точки, за да се спречи зараза. Таа мерка ќе биде на сила само неколку недели по завршувањето на бербата, соопшти Европската комисија. Царинските служби неодамна открија 36 контаминирани пратки од Јужна Африка. Јужното овошје со црни точки во Европа според прописите, поради сомневање не е здраво, не може да се конзумира. Европската комисија најави дека подоцна ќе го разгледа увозот на овошје од Јужна Африка за идната сезона.

Берлин – Стапката на инфлација во Германија, најголемата европска економија, порасна во ноември откако во октомври се намали на најниско ниво за последните три години. Трошоците за живот во Германија се зголемиле во ноември за 1,3 отсто на годишно ниво, во споредба со октомврискиот раст од 1,2 отсто, покажуваат податоците од германската канцеларија за статистика Дестатис. Според усогласениот индекс на потрошувачките цени ХИПЦ, кој како мерка за инфлацијата ја користи Европската централна банка, инфлацијата во Германија пораснала во ноември за 1,6 отсто по октомврискиот раст од 1,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП