Вo екот на празничната сезона, додека се подготвуваме за деловни вечери и семејни собири, искушенијата во форма на вкусна храна и пијалоци се демнат зад секој агол. Но, еден доктор на „TikTok“ одлучи да нè потсети што треба да избегнуваме. Кардиохирургот д-р Џереми Лондон објави видео во кое наведува четири вида храна што, според него, треба да ги избегнуваме со голема маргина.
За жал, како и обично, неговиот список на храна што треба да ја елиминирате вклучува сè што многу луѓе најмногу уживаат. Сепак, вреди да се слушне што има да каже еден здравствен експерт за храната што наскоро ќе се најде на нашите трпези.
Брза храна
„Поголемиот дел од она што е достапно во синџирите за брза храна е ‘јадлива храна’, тоа не е дури ни вистинска храна“, предупреди кардиохирургот.
Повеќето луѓе се свесни дека рестораните за брза храна не се оази на здравјето, но понекогаш е тешко да се одолее на брз и лесен оброк. Иако повремената посета веројатно нема да наштети, д-р Лондон советува дека таквата храна никогаш не треба да биде основа на вашата исхрана.
Газирани пијалaци
Веднаш по брзата храна, има пијалаци со кои обично се опиваме. Д-р Лондон ги опиша како „течна смрт“, нагласувајќи дека ова важи и за диеталните и за обичните верзии.
Овие пијалаци обично се полни со шеќер, а ако не се, содржат вештачки засладувачи кои веќе предизвикаа здравствени предупредувања во некои делови од светот.
Млечни производи
Со оглед на тоа што чиниите со сирење, чоколадите и бројните колачи се неопходен дел од божиќната трпеза, овој совет ќе биде најтежок за следење. Сепак, кардиохирургот не е загрижен за тоа.
„Ние сме единствените цицачи кои пијат млеко по детството, и го пиеме од друг вид. Размислете за тоа“, рече тој.
Алкохол
Овој избор не е изненадувачки. Малку работи се поопасни од внесувањето отров во телото, особено оној што ја нарушува способноста за расудување.
Докторот нагласи дека алкохолот е „апсолутно токсичен за секоја клетка во нашето тело“, предупредувајќи дека „дури и умерената или повремена употреба“ е на крајот штетна. Тој апелираше до гледачите да „престанат активно да го трујат своето тело“, но со оглед на тоа што се ближат празниците, тоа ќе биде тешко за многумина.



