3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Загреб – Руската компанија Росњефт може да преземе дел од хрватската нафтена компанија Ина која моментално ја држи унгарската МОЛ, пишува Јутарњи лист. Унгарската нафтена компанија МОЛ бара купувач за своите 49,1 отсто сопственост на Ина, но тоа е уште далеку од каква било  постапка на длабинско снимање на Ина од страна на потенцијалниот купувач. Во игра може да влезе руската компанија Росњефт, но за сега очигледно е дека се работи за унгарско опипување на теренот, рече за Јутарњи лист висок извор од хрватската влада.

Подгорица – На бирото за труд во Црна Гора моментално се пријавени 34.422 лица, а стапката на невработеноста во таа држава изнесува 14,81 отсто, соопшти Заводот за вработување. Најголема стапка на невработеност во Црна Гора од 32,7 отсто е забележана во јули 2000 година, додека најниска од 10,1 отсто е регистрирана во август 2009 година. Заводот од почетокот на годината евидентираше 12.690 нововработени, а издадени се 20.823 работни дозволи на доселеници.

Киев – Претседателот на Украина Виктор Јануковиќ изјави дека на неговата земја за примена на стандардите на ЕУ и требаат годишно најмалку 20 милијарди долари, ЕУ, според неговите зборови, во текот на изминатите преговори на Киев дака понижувачка понуда. Јануковиќ, во интервју за локална тв мрежа, рече дека ако се имаат предвид сите потребни трошоци за примена на стандардите на ЕУ, на Киев до крајот на 2017 година ќе му требаат околу 160 милијарди долари, за таа намена.

Белград – Синдикатот на реалниот сектор на Сојузот на самостојните синдикати на Србија СССС и  УГС Независност, од премиерот на Србија бараат да го смени министерот за стопанство Саша Радуловиќ. Синдикатите сметаат дека Радуловиќ секојдневно поднесува рапорт на интересни групи, не создава амбиент за работа, развој и вработување, како ни услови за функционирање на стопанството.

Токио – Двата најголеми производувачи на челик Нипон стил и Арселор Митал, се се поблиску до купување на една фабрика во САД од германската Тисен Круп. Вредноста на овој договор, како што пренесоа јапонските медиуми, ќе изнесува две милијарди долари. Двете компании доставија заедничка понуда за купување на една постројка за производство на лим за автомобилската индустрија во американската сојузна држава Алабама, а нивна основна цел е дупло да ги зголемат заедничките производни капаците во САД, пренесе Франс прес.

Лондон – Британското стопанство во третото тромесечје порасна 0,8 отсто во споредба со претходниот квартал, покажуваат податоците на британската канцеларија за статистика. На годишно ниво, БДП на Британија во три месеци заклучно со септември пораснал 1,5 отсто, се наведува во соопштението на канцеларијата.

Виена – Австрија би можела да предложи на Гаспром, Јужниот тек да оди преку нејзина територија, вели заменик претседателот на управниот одбор на гасниот монополист Александар Медведев. Тој укажа дека во последно време на пазарот се зборува за намерата на Австрија да се обрати на Гаспром со предлог да ги обнови преговорите за Јужен тек, пренесе Итар тас.

Атина – Сопствениците на недвижнини во Грција идната година ќе мора да платат осум пати поголем данок во однос на тој од 2009 година, покажува нацрт буџетот за 2014 година. Според предлог буџетот за идната година, приходите од сите видови даноци на имот треба да достигнат 3,93 милијарди евра, во однос на само 526 милиони евра, колку што изнесуваа во 2009 година, пишува грчкиот весник Катимерини.

Москва – Нето профитот на најголемата руска нафтена компанија Лукоил за 9 месеци оваа година, во споредба со истиот период лани, е намален за 5,6 отсто. Профитот е намален на 7,77 милијарди долари.

Вашингтон – Бонитетната агенција Мудиз повторно го намали кредитниот рејтинг на Тунис на Ба3, со негативна прогноза. Во извештајот како главна причина на оваа одлука се наведува политичката неизвесност и се поголемата поларизација во општеството, по револуцијата која почна кон крајот на 2010 годин, а заврши во 2011 година. Мудиз веќе два пати оваа година ја намали оценката на Туниа, кон крајот на февруари на Ба1 и кон крајот на мај на Ба2. И бонитетната агенција Стандард и Пурс кон крајот на август ја намали оценката во август за 2 степена, на Б.

Москва – Сбербанка не учествува во преговорите за потенцијално купување на некоја банка во Србија, речено е за Танјуг во таа банка. Медиумите пренесоа дека Сбербанка е заинтересирана за купување на една голема банка во Србија, како и дека во игра се Банката Интеза и домашната Комерцијална банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП