3 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИЕврото сеуште силно а фунтата уште посилна!

Еврото сеуште силно а фунтата уште посилна!

technic

Во тек на вчерашниот ден проследивме огромен скок на европските валути (евро,фунта и франк) во однос на сите останати светски валути (амерички, австралиски, новозеландски и канадски долар како и јапонски јен) со што нашите претходни анализи и предвидувања се остваруваат во потполност!

Најинтересно за нас е еврото бидејки македонскиот денар е во сооднос со еврото така да доколку еврото расте во однос на другите валути исто така паралелно и денарот расте симболично.

Еврото во однос на австралискиот долар веќе долго време го задржува нагорниот тренд и забележа нов највисок рекорд на цена 1,4990 на само 10 пипа до големата психолошка граница 1,5000. Во претходните анализи сигнализиравме за овој нагорен тренд и предлог за купување од цена 1,4190 се до цена 1,5550 што изнесува разлика од 1360 пипа, а моментално од цената на купување 1,4190 до сегашната цена 1,4490 е реализирана разлика од 800 пипа.

eura

Еврото во однос на јапонскиот јен во цела 2013-та година феноменално расте во еден оштар тренд без никакви корекции. Трендот започна од цена 94.00, а моментално достигнува цена од 138.80 што изнесува разлика од 4500 пипа кои со евентуална реализација на куповни налози на форекс сметките со големина од 10 лота профитот изнесува 450 000 УСД, со големина од 1 лот 45 000 УСД, а за микро трговци со големина од 0.1 лот е 4500 УСД и со 0.01 лот изнесува 450 УСД.

jpy

За нас најинтересен валутен пар е евро во однос на американски долар, кој оваа година е исклучително тежок за предвидување поради многуте лажни шпекулации и монетарната војна која ја водат централните банки на САД и Европа, а секако дека помоќните и поискусните ја добиваат битката а тоа се нормално американците.

Битката се води со цел кој да ја намали повеќе вредноста на сопствената валута, а на американците тоа им успева секогаш иако европјаните превземаат секакви можни мерки за намалување на вредноста на еврото, а најголемиот пораз го доживеаја со намалувањето на каматната стапка на рекордно ниски 0,25% со надеж дека ќе успеат во мисијата, но повторно ништо од тоа.

Потоа се проба со една лажна информација зад грбот на претседателот на ЕЦБ Марио Драги дека ќе се намали депозитната каматна стапка дури на ниво од -0,1%, со што еврото експресно почна да паѓа во однос на доларот, со што одма другиот ден претседателот Драги свика итна конференција на која уште првите зборови му беа: Не е вистина, нема никакви предлози за намалување на депозитната каматна стапка!

Како што може сега да забалежеме еврото во однос на доларот повторно се врати во горната зона над 1,3500 и креира нов нагорен канал, а денес следуваат низа економски објави во еврозоната со средна вредност, но доколку збирот на сите објави биде позитивен, тогаш не само по техничка него и по фундаментална основа валутниот пар EUR/USD ќе расте и може да достигне до цена на отпор 1,3742.

eu

Британската Фунта пак забележа уште поголем скок од еврото во однос на другите валути, и не знае да запре, дури и е доста посилна и од еврото. Фунтата во однос на доларот се искачи рекордно на 1,6330, а се верува дека овој тренд и ќе продолжи се до средината на месец декември и да достигне цена на последниот отпор 1,6725! Фундаментална основа е засилената иницијатива на британските власти за намалување на невработеноста која и онака е на најниско ниво од 7% но и како стимулативните програми за привлекување на инвеститори во финансиските сектори!

gbpu

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП