20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Вашингтон пост“ го продава своето седиште во Вашингтон

„Вашингтон пост“ го продава своето седиште во Вашингтон

wpost

Весникот Вашингтон пост го продава своето седиште, зградата во Вашингтон непосредно до Белата куќа на агенција за недвижности (Carr Properties) која го купува за 159 милиони долари.

Весникот кој оваа есен за 250 милиони долари го откупип основачот на Амазон, Џеф Безос ќе продолжи да ја користи зградата се додека не се пронајде соодветно решение за преселување.

Зградата за која станува збор е објектот во кој новинарите Карл Бернштајн и Боб Вудвард пишуваа текстови за аферата Вотергејт и како последица тогашниот претседател Ричард Никосн во 1974 година поднесе оставка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП