28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата ќе поддржи 134 проекти за рурален развој со една милијарда денари

Владата ќе поддржи 134 проекти за рурален развој со една милијарда денари

dobivka_od_pola_milion_denari

Вкупно 134 проекти во 72 општини ќе поддржи Владата преку Програмата за рурален развој. За оваа намена се предвидени една милијарди денари што е највисока поддршка досега за локалната самоуправа, и по обем и по квалификации.

Како што информира директорот на Платежната агенција Тони Димовски, 20 отсто од средствата се очекува да бидат авансно исплатени до крајот на годината, а останатите по реализација на проектите во 2014 и 2015 година.

Врз основа на објавениот повик за мерките – подобрување на квалитетот на живот во рурални средини, обнова и развој на селата и зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја, од општините пристигнале вкупно 174 барања за финансиска поддршка.

– Проектите главно опфаќаат инвестиции во изградба на локална патна инфраструктура, вклучително и мостови, поврзување две или повеќе села во должина до пет километри, поврзување села со регионален пат или населено место во должина од седум километри, водоснабдителни и канализациски системи во села до 1.500 жители, вложувања во објект за продажба на земјоделски производи и добиток, изработување урбанистички планови, изградба и реконструкција на селски улици во должина од еден километар, плоштади и шеталишта во рурални средини, патишта до излетнички места и нивно уредување, како и означување културни и природни знаменитости, рече Димовски и додаде дека веќе се почнати јавните набавки за планираните инвестиции.

Владата, пак, според портпаролот Ѓорѓиев, интензивно работи на новите проекти, за 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП