30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРКЕ со калкулатор за пресметка на трошоците за електрична и топлинска енергија

РКЕ со калкулатор за пресметка на трошоците за електрична и топлинска енергија

prano

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) изработи калкулатор со кој граѓаните ќе можат да ги пресметуваат трошоците за потрошувачката на електрична и топлинска енергија.

Калкулаторот е поставен на веб страницата на РКЕ www.erc.org.mk.

Потрошувачите ќе можат со едноставно внесување на неколку параметри да пресметаат колкави би биле нивните трошоци за електрична енергија, односно колку би плаќале за услугите на топлификацискиот систем во Скопје за загревање на иста грејна површина.

– Калкулаторот ќе им помогне на граѓаните во навремено планирање и намалување на трошоците за греење во зимскиот период кога се и најголеми, а истовремено на долг рок да се зголеми свесноста дека треба навремено и рационално да се носи одлуката за избор за загревање на домовите.

Секој потрошен киловат час електрична енергија со себе повлекува и одреден финансиски трошок, а овој калкулатор приближно, најточно и навремено, може да го пресмета и да помогне во носењето на клучната одлука за секое домаќинство, изјави претседателот на РКЕ Димитар Петров.

Кај електричната енергија, при пресметката на трошокот, се внесува износот на потрошени киловатчасови што може да се види на задната страна од месечните фактури за електрична енергија, а за да се добие подобра претстава за потрошените киловатчасови за загревање, препорачливо е да се одбијат просечните месечни од летниот период.

За пресметка на трошокот за топлинска енергија единствено е потребно да се внесе грејната површина на станот, со што се добива просечниот месечен трошок за греење со овој вид енергија. Во делот на топлинската енергија има опција потрошувачите да пресметаат и колкав е просечниот трошок доколку се исклучени од топлификациониот систем, што е значаен податок кога ќе ја прават севкупната споредба на трошоците.

– За да се добие најреална споредба на трошоците за греење со електрична, односно топлинска енергија, потребно е да се има предвид дека пресметката треба да се однесува за приближно еднакви услови, односно за иста површина и приближно ист период на греење во текот на денот, велат во РКЕ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП