4 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИТехнички анализи за главните валути до 2014-та

Технички анализи за главните валути до 2014-та

technical-analysis-japanese-candlesticks

Како што минува 2013-та година добиваме појасна слика за моменталната вредност на повеќето главни светски валутии веројатноста за понатамошните трендови до крајот на годината.

На пазарот на валути во принцип секогаш пред крај на временски сепаратор, неделен, месечен или ануелен следиме позасилен тренд на одредени валутни парови како резултат на истекување на опциите за купопродажните налози кај големите институционални банки и фондови кои имаат свои таргетни нивоа за собирање на профитите од разликата на растот и падот на налозите.

На само еден месец пред католичкиот божиќ кога сите налози се затвараат и се завршува работната година на валутната берза проследуваме неколку валути кои им расте позначително вредноста и неколку кои забележуваат позасилен пад.

Според нашите анализи може да забележеме позасилен раст кај европските валути, еврото, фунтата и франкот, средишно движење на американскиот долар и засилен пад кај канадскиот, австралискиот новозеландскиот долар како и една валута која е во тотален колапс, а тоа е јапонскиот јен.

Доколку логично размислиме и направиме проценка според трендовите на самите валути ќе добиеме една појасна слика за како да го тоа искористеме во наша полза тргувајки ги валутните парови, како на пример: – Ако индексот на еврото е во нагорен тренд а индексот на австралискиот долар е во надолен тренд тогаш логиката е едноставна, како валутен пар EUR/AUD добиваме оштар нагорен тренд и треба да се купува, дали физичка размена која носи многу помали профити поради фактот дека нема кредитна потпора или 1:1, или преку услугите кои ги нуди Адмирал Маркетс преку форекс сметките на кои може да добиеме кредитна потпора до 500 пати поголема од основниот капитал (што значи на пример доколку основниот депозит на сметката е 1000 долари или евра – го контролирате пазарот со 500 000 долари или евра и може да купувате или продавате со големини околу 100 000 , 200 000 и слично, а не можете да изгубите поголема сума од основниот депозит).

Наши предлози за до крај на оваа работна година според моменталните трендови:

Валутен пар EUR/USD:

eurus

Еврото во однос на доларот покажува нагорен тренд но не многу оштар, се движи во нагорен канал на подолг временски период но со поголеми корекции и цената почесто се задржува на одредени нивоа како резултат на многуте шпекулации на ЕЦБ и ФЕД. Моментална цена е 1,3541 а со текот на движењето може да се очекува ренџ пазар каде цената може да се спушти до 1,3451 и повторно да се искачи над 1,3541 и погоре до 1,3620. Доколку порасте до 1,3620, на тоа ниво ќе проследиме пробив по што е можно позасилено нагорно движење и достигнување на рекордни високи нивоа над највисоката точка за 2013-та година 1,3830 за да потоа достигне и до 1,3950.

Валутен пар EUR/AUD:

euraudweekl

Еврото во однос на австралискиот долар е во силен нагорен тренд како резултат на залечената европска економија и програмата на австралиската централна банка за намалување на вредноста на сопствената валута која беше во долг период над својата реална вредност и претставуваше закана за економијата во Австралија. Моментална цена е 1,4879, а најверојатно до крајот на оваа година ке остане во трендот и стреми кон една средишна цена на сите години 1,5550.

 

Валутен пар EUR/CAD:

eurcadweek

Еврото во однос на канадскиот долар исто така е во нагорен тренд и на граница на пробивање на многу силен отпор на цена 1,4300, а доколку пробие би следувал уште еден растечки бран се до последниот отпор за 2013-та година на 1,4675.

 

Валутен пар GBP/USD:

gbpusdwe

Британската фунта во однос на американскиот долар продолжува да расте во оштар тренд, а се верува дека ќе продолжи со истиот со фактот дека еден голем отпор е пробиен од претходната недела над цена 1,6170, а доколку продолжи трендот најверојатно ќе достигне до највискоа цена за последните две години или до нивото на отпор 1,6725.

 

Валутен пар AUD/USD:

audusdwe

Австралискиот долар е еден од најголемите губитници на валутниот пазар, така да и покрај делумно слабиот американски долар, австралиецот паѓа и стреми кон најниската цена за оваа година 0,8900, а доколку ја пробие истата веројатно ќе падне до рекордно ниска цена на 0,8475.

 

Валутен пар USD/JPY:

usdjpyda

Најголем губитник е јапонскиот јен, кој низ години наназад беше прејак во однос на сите светски валути, а сега се корегира за сите години уназад и паѓа на долг период. Американскиот долар кој беше на најниско ниво под 80.00 во однос на јенот сега руши високи рекорди но како резултат на политиката на јапонската централна банка за ослабнување на сопствената валута на подолг период. Моментална цена е 101,85, а се верува дека ќе достигне до рекордна 103.00 како за крај на оваа година.

 

Ваш најдобар Брокер,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП