3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИмотот од старите стечајни постапки ќе се продава најмногу два пати

Имотот од старите стечајни постапки ќе се продава најмногу два пати

steca

Најмногу два обиди ќе се прават за продажба на имотот за кој е покрената стечајна постапка од 1989 до 2011 година. Доколку пак не се продаде имотот и по вториот обид ќе се распредели процентуално на доверителите.

Ова се главните измени на најновиот закон за застарените стечајни постапки што Владата го усвои на последната седница, кој опфаќа околу 300 стечајни постапки, а кои денеска ги презентираа во Министерството за економија.

– Со ова законско решение ќе имаме многу побрза продажба на имотот, ќе се зголеми процентот на намирување на доверителите, ќе се реши правниот статус на бесправните објекти, ќе се довршат објектите кои поради стечај на инвеститорите останале недоградени, ќе се зголеми бројот на изградени станови кои стојат како недовршени и најбитно е што се отвораат можност за нови инвестиции и нови вработувања, истакна министерот за економија Ваљон Сарачини.

Според него, ќе се придонесе и за зголемување на вредноста на имотот бидејќи со решавање на статусот на објектот ќе се постигне повисока цена, зашто со досегашното законско решение поради неутврдниот правен статус објектите се продаваат како градежен материјал.

Целтата постапка, појасни, Срачини појасни треба да заврши за 70 дена.

Според предложеното законско решение стечајниот управник има рок од 15 дена да достави предлог до Судот каде се спроведува постапката од моментот на стапување во сила на законот. Доколку тоа не го стори може да добие од стечајниот судија дополнителни седум дена, но доколку не биде поднесен предлог предвидени се казни од 10 до 15.000 евра и одземање на лиценцата.

Во законското решение се дадени и стрикни рокови за судовите во рамки на споровите што се покренати.

– Овие спорови поради нивните неутврдени имотно-правни работи траат многу долго. Некои од нив и по 15 години поради што донекаде го ограничуваме постапувањето на судовите. Дадени се рокови дека првостепенииот суд треба да ги заврши почнатите постапки во рок од 60 дена, за второстепениот  и Врховниот суд роковите се 45 дена. Рокови се дадени и во делот на Управниот и Вишиот суд,  како и во делот на органите на државната управа кои одлучуваат за одредени права и тие се регулирани на 45 дена од влеување во сила на законот, истакна заменик-министерката за правда Билјана Божиновска-Бришковски.

Директорот на Агенцијата за катастар и недвижности Славче Трпески истакна дека Агенцијата спроед законското решение има рок од 30 дена откако судот ќе достави барање да изврши премер на објектот кој е предмет на стечај и да изготви геодетски елаборат кој треба да го достави до судијата. За тоа ќе бидат ангажирани вработените 400 геодети во Агенцијата.

Со законот за затворање на стечаите ќе се решат стечајните постапки во Типо, Маврово, делови од железара, МЗТ, Центро, Порцеланка, Кожарски комбинат Куманово, повеќе земјоделски комбинати, како и случајот Фиком, Самарија и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП