3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпанија од Дубаи ќе гради откупен центар во Ресен

Компанија од Дубаи ќе гради откупен центар во Ресен

zgrada-na-opstina-resen

Стопански комплекс за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи во Ресен ќе гради компанијата „Епл ленд“ од Дубаи, која вчера даде најповолна понуда на јавното наддавање за откупување на земјиштето во државна сопственост.

Како што информира Минситерството за транспорт и врски, земјиште е со вкупна површина од 61.433 м2. Почетната цена изнесуваше 61,00 денари од метар квадратен.

Компанијата „Епл ленд“ понуди вкупна сума од 4.361.743 денари. Компанијата е должна во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето.

По извршената уплата во утврдениот рок, се склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежното земјиште во сопственост на Република Македонија. Со договорот купувачот се обврзува во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба на предвидените објекти согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено и да ги изгради објектите согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено согласно Законот за градење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП