26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтрес тестовите во ЕУ се поблиску

Стрес тестовите во ЕУ се поблиску

mario1

Претседателот на ЕЦБ Марио Драги изјави дека основните критериуми за стрес тестовите за европските банки ќе бидат објавени на крајот на јануари.

„Би требало до крајот на јануари да ги објавиме клучните параметри за стрес тестовите кои ќе ги спроведеме заедно со Европската агенција за банки (ЕБА)“, изјави Драги на банкарскиот конгрес, пренесува агенцијата Франс прес.

Во рамките на подготовките за новата функција на единствениот банкарски супервизор, ЕЦБ се подготвува за проценка на отпорноста на банките во еврозоната од можни нови кризи.

„Ваквата контрола ќе биде првиот чекот кон градењето на доверба во банките на еврозоната, како и меѓу земјите од тој блок“, изјави Драги.

Во рамките на стрес тестовите, ЕЦБ ќе го провери билансот на состојбата на 124 банки во еврозоната за пронаоѓање на ризични кредити и активи, како и недоволното количество на капитал и други опасности поради кои банките би можеле да станат ранливи на потенцијални финансиски шокови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП