8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda претстави компактен кросовер

Honda претстави компактен кросовер

vezel

„Honda“ на домашниот авто-саем во Токио ќе изложи компактен кросовер кој на јапонскиот пазар ќе се продава под името „Vezel“. Се предвидува дека овој модел на европскиот пазар ќе се појави дури во 2015-та година.

„Vezel“ е најавениот коросвер кој е базиран на платформата на „Civic“, кој во гамата на „Hondа“ ќе го заземе местото под моделот „CR-V“.

vezel1

Основан на концептот „Urban“ кој имаше премиера на почетокот на 2013-та во Детроит, автомобилот најпрво ќе се продава само во Јапонија.

На купувачите во оваа земја ќе им биде достапен во две верзии со бензински мотор и со хибриден погонски систем.

vezel2

За сега е познато дека првата варијанта ќе има 1.5 литарски бензинец со директно вбризгување, додека во хибридната верзија на бензинскиот мотор ќе му се придружи електричен погонски агрегат.

Повеќе технички детали очекуваме по премиерата на овој автомобил. За купувачите во Европа интересна е информацијата дека новиот коросвер на европскиот пазар ќе пристигне во 2015-та година, а ќе се продава под името кое дополнително ќе биде соопштено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП