Големиот раст на државниот долг на Албанија претставува загрижувачки елемент за иднината на албанската економија, оцени меѓународната рејтинг агенција „Мудис“.
Во извештај на агенцијата се наведува дека кредитниот рејтинг В1 на Албанија и натаму е загрозен од големите буџетски предизвици, зголемувањето на долгот и бавниот економски раст, кој во следните години се очекува да остане на истото ниво.
Албанија и натаму има ниски приходи, а извозни можности на нејзината економија се ограничена, бидејќи се потпира на трговските односи со земјите од еврозоната. Економската активност значително е забавена минатата година, а растот се очекува да остане низок, се додава во извештајот.
„Мудис“ како позитивни елементи ги наведува „разумната монетарна политика“ на албанската Централна банка и стабилноста на цените, како и издржливоста на албанската економија на светската економска криза и должничката криза во еврозоната.