4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуристичките потенцијали на Охрид претставени на саемот за туризам во австрискиот град...

Туристичките потенцијали на Охрид претставени на саемот за туризам во австрискиот град Ветманштатен

Ohrid-profil

Туристичката понуда на Охрид беше претставена на Саемот за туризам „Травел шоу“ во австрискиот град Ветманштатен, како дестинација и дел од ексклузивните кружни туристички тури што ги организира и нуди реномираната компанија за организација на туристички патувања „GEGG Reisen“.

На саемот Охрид беше претставен на сопствен штанд, на кој ги презентираше своите туристичките потенцијали преку пропаганден материјал, како и преку богата трпеза со традиционални охридски специјалитети.

Инаку, на саемот во Австрија присуствуваше делегација составена од претставници на Општина Охрид, на ХОТАМ, угостителскиот сектор и медиумите. Делегацијата предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, оствари средби со извршните директори на австриската компанија за организирани туристички патувања, при што беше констатиран интересот на австриските гости за посета на Охрид, а воедно беше договорен и план за натамошна соработка, односно остварување на можноста за организирање на посебна тура кој би била наменета исклучиво за Македонија, со што Охрид би добил уште поголем број на туристи од Австрија кои би оствариле и поголем број на ноќевања во Охрид.

Воедно беше остварена и средба со градоначалникот на Ветманштатен, кој како домаќин го изрази задоволството од  учеството на саемот, и својата поддршка за понатамошните активности во однос на промоцијата на Охрид пред австрискиот туристички пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП