
Како се подготвува кашкавал, како се прави сирење, дали млекото се става директно во чаша ова беа дел од љубопитните прашања на над 60-тина дечиња, од неколку скопски предшколски установи кои заедно со своите наставници имаа можност да го посетат производниот погон на Млекара Здравје Радово во Куманово. На едноставен начин, близок и разбирлив за дечињата, технолозите од млекарата се обидоа трпеливо да им го објаснат целокупниот процес на создавање квалитетен и безбеден млечен производ, од фарма до место на продажба. Целта на посетата беше едукативна, со цел на децата уште од мали години да им се објасни улогата и значењето на млекото и млечните производи во нивниот развој. На лице место имаа можност да вкусат свежо млеко, како и од вкусните производи по кои е препознатлива млекарата Здравје Радово. Децата највеќе го бендисаа кашкавалот, оти покрај поделените парчиња се делеше и репете. Дефинитивно тие се и најискрените потрошували оти незнаат да сокријат ако нешто им се допаѓа.


