27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНаучете како да го намалите стресот предизвикан од работа

Научете како да го намалите стресот предизвикан од работа

stres1

Вие можете да научите како да го надминете стресот на работното место и да бидете порелаксирани. За да го направите тоа, не е потребно да го смените начинот на живот. Можете да правите неколку мали нешта, кои ќе го подобрат вашето расположение и ќе ви ја зголемат енергијата.

Организирајте се. Анализирајте ги вашите дневни обврски и задачи. Распоредете ги рамномерно. Не се посветувајте само и единствено на работата. Обидете се да најдете баланс помеѓу работата и социјалниот живот.

Излегувајте наутро 10-15 минути порано. Со тоа ќе си го намалите барем стресот кој го предизвикува брзањето, за да не задоцните.

Приоретизирајте ги задачите. Направете си список од сите задачи и подредете ги по важност. Оние задачи кои се поважни за вас, исполнете ги први.

Не бидете перфекционисти. Навистина е важно да давате се од себе си на работното место, но не треба да претерувате. Ништо не е поважно од вашето здравје, па ни кариерата.

Спријателете се барем со некои колеги. Ако знаете дека до вас има колеги кои би ви помогнале кога сте под стрес, многу ќе бидете порелаксирани. Не заборавајте да ја вратите услугата, кога ќе им е потребна и нив вашата помош.

Внесете хумор во вашето секојдневие. Дури и на работа не можете и не треба да бидете сериозни преку целото време. Кога и да имате можност, пошегувајте се со колегите. Смеењето е најдобар лек против стрес.

Движете се. Практикувајте физичка активност од 30 минути барем 2 пати неделно. Со тоа ќе имате повеќе енергија, вашето расположение ќе се подобри и вие ќе се чувствувате позадоволни и поопуштени.

Консумирајте алкохол умерено и избегнувајте го никотинот. Алкохолот краткотрајно го намалува стресот и напнатоста, но кога ќе претерате вознемиреноста се зголемува. Ако пиете за да го намалите стресот на работа, може да станете зависни. Исто така и пушењето може да ве смирува кога сте вознемирени, но потоа доведува до повисоко ниво на анксиозност.

Потрудете се да имате добар сон. Стресот и загриженоста може да предизвикаат инсомнија и обратно, недостатокот на сон ве прави посклони кон стрес. Кога сте поодморени, можете подобро да одржувате емоционална рамнотежа и со тоа да се борите против стресот.

Разговарајте за стресот со вашите блиски. Тоа е добар начин да го намалите стресот, да погледнете на проблемите од друга перспектива и полесно да најдете нивно решение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП