1 мај, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИНеделна Анализа

Неделна Анализа

stock_trade_analys

Фундаментална анализа за 18-22 Ноември 2013

После изминатата прилично волатилна недела на пазарите влеговаме премногу смирено во почетокот на оваа. Голем дел од настаните кои ги проследивме во изминатата недела несомнено беа во голема мера веке вкалкулирани па видовме зголемена волатилност но посериозни поместувања не се случија. Се се врати по старо. Пазарите како да станаа имуни на било какви промени. Релативно неуспешни обиди за придвижување забележавме скоро секаде. Златото повторно се поколеба за раст иако под наплив на евтини пари проба да се искачи на повисоко ниво но неуспешно заради појавата на апетит за купување на ризик. Берзите од истата причина предизвикана дополнително и од позитивниот сентимент останаа со рекордно високите вредности на индексите. Во такви услови еврото и британската фунта дополнително и благо зајакнаа а мал пад заблележаа американскиот долар и јапонскиот јен. Австралискиот и канадскиот долар останаа некако неутрални во оваа збрка во коорелација пратејки ги цените на металите односно нафтата.
Во вакви околности на благ раст на апетитот за ризик под влијание на поддршката на монетарните власти веројатноста за силен раст и почеток на појак тренд на раст е мала заради лесната ранливост односно чувствителноста на пазарот на лоши вести. Во вакви околности постои можност за смирен и благ раст но проследен со брз пад и без можност за пробив на постоечкиот опсег кој е веке утврден подолго време. Посебно на пазарот на валути. Веројатноста за пробив и почеток на тренд во текот на оваа недела е исклучително мала и очекуваме мирен пазар поготово до Среда навечер кога е првиот посериозен настан кој може да предизвика турбуленција.
Кај валутниот пар EUR/USD веке е дефиниран еквилибриум на 1.35 со долни граници на 1.345 и 1.338, и горни граници 1.355, 1.362 и 1.371. Позначајни настани кој можат да влијаат на вредноста на еврото се објавата на еконоскиот сентимент во германија во Вторник во 11 часот и објавата на индексите на производство на земјите членки на еврозоната во Четврток.
Кај валутниот пар GBP/USD опсегот е во рангот помеѓу 1.621 и 1.5930 со критични нивоа на 1.615, 1.606 и 1.6030. Важен настан за британската фунта е гласањето за количината на откупени обвзници и гласањето за адекватноста на каматната стапка. (не се очекуваат промени)
Иако јапонскиот јен благо ослабна во изминатата недела сепак успеа да оформи опсег на тргуванње во однос на американскиот долар во границите помеѓу 99.40 и 100.80 со јасно дефиниран центар на гравитација на границата од 100. Доколку парот USD/JPY успее да ја преживее оваа недела над магичната граница од 100 во тој случај веројатноста за нагорен продолжеток на трендот кој запре и се консолидира ќе е голема. За јенот исклучително важен настан во текот на оваа недела е извештајот на монетарната комисија во Четврток рано наутро по наше време.
Кај австралискиот долар кој се тргува во опсег 0.927 – 0.953 со еквилибриум на 0.94 поважен настан кој може да го измести парот од овие граници е извештајот на монетарните власти за прогнозите во економијата кој ќе биде објавен во Вторник наутро во 01:30.
Кај Американскиот долар имаме неколку настани кои битно можат да повлијаат на неговата сила а реакција може да се појави на сите валутни парови поврзани со доларот.
Во Вторник членовите на пазарниот комитет на САД Дадли и Еванс ке поднесат свое гледиште за економските прилики
Во Среда во 14:30 имаме индексот на инфлација и стапката на потрошувачка а во 16:00 часот бројот на препродадени стамбени единици
Во Среда во 20:00 е исклучително важниот извештај на комитетот за слободен пазар на САД и вообичаено овој извештај е голем предизвикувач на пазарни реакции во зависност од реториката и очекувањата на комитетот за понатамошните економски текови.
Во Четврток во 16:00 часот е индексот за производствената активност на Филаделфиската филијала на ФЕД кој е важен водечки индикатор за трендот на економијата во САД.
Кај златото имаме доста неблагодарна ситуација за анализа бидејки опсегот во кој се тргува е всушност дел од фазата на консолидација а се движи во границите помеѓу 1.310 и 1.260 со центар на 1280 долари. Заради комплексноста на ситуацијата овде имаме голема неизвесност и предлагаме да не се тргува додека не излезе со појак моментум од консолидационата зона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП