22 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвтомобил кој за жал нема да го видиме на патиштата

Автомобил кој за жал нема да го видиме на патиштата

luda kola

„Mercedes“ претстави суперавтомобил, кој за жал, нема да го видиме по патиштата, но кој свое место ќе има во новото издание на видео-играта „Gran Turismo“.

Некогаш автомобилите од реалниот свет беа траспортирани во фиктивниот универзум на видео-игрите. Во меѓувреме производителите на автомобили и дизајнери започнаа да креираат модели специјално за компјутерските игри.

luda kola1

Еден од таквите автомобили кој го одзема здивот е и „Mercedes AMG Vision Gran Turismo“.

Иако ќе немаме можност да го видиме на патеките и патиштата, „Mercedes“ направи модел во размер 1:1 во чест на отворањето на својот истражувачко-развоен центар во Калифорнија.

luda kola2

Направен за возење во виртуелниот свет, овој возбудлив супер-спортски автомобил за погон доби „V8 AMG“ мотор кој е во состојба да произведе 585 ks (430 kW) и 800 Nm максимален вртежен момент.

Играта „GranTurismo 6“ ќе има премиера на 6-ти декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП