28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEdmond de Rothschild отвора банка во Лондон

Edmond de Rothschild отвора банка во Лондон

banka rotshild

Финансиската групација „Edmond de Rothschild“ со седиште во Женева ќе отвори банка во Лондон, како дел од рамките за развој на своите активности на меѓународниот пазар.

Приватната швајцарско-француска банка со која управуа Бенџамин де Ротшилд, син на основачот на компанијата Едмонд де Ротшилд, веќе три децении е присутна во британската престолнина, а сега за прв пат во својот делокруг на работа ќе вклучи и услуги на комерцијална банка.

Во новата канцеларија, која ќе се наоѓа во досегашниот деловен простор на компанијата во западниот дел на Лондон, во почетокот ќе работат 20 службеници, а подоцна се планира проширување на вкупно 150 вработени.

Групацијата „Edmond de Rothschild“ досега работеше во Женева, Париз и Луксембруг, а Лондон ќе биде четвртата бизнис дестинација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП