27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКомплетиран првиот круг во машката ракометна Лига на шампионите

Комплетиран првиот круг во машката ракометна Лига на шампионите

Rakomet-Vardar-Metalur

Со одигрувањето на синоќешните натпревари заврши првата половина од дуелите од ракометната Лига на шампиони, каде само европскиот првак Хамбург и унгарскиот шампион Веспрем имаат максимален учинок по 10 бодови.

Барселона загуби еден бод во Скопје од Вардар на стартот, додека во групата Б дури три екипи имаат по 8 бодови.

Двете македонски екипи во групата Ц имаат добри позиции Вардар е втор со 6 бодови, а исто толку има и Металург. ПСЖ се проби на 4.место, но тимот од Париз двата дуела со македонските екипи ги одигра во Скопје.

 

Преглед на резултатите од 5.коло:
Ц група: Металург – Вардар 22:27, Динамо Минск – Барселона 25:35, Вакер Тун – ПСЖ 28:34.
Табела: Барселона 9 бодови, Вардар 6, Металург 6, ПСЖ 5, Динамо М. 4, Вакер Тун 0.
А група: Рајн Некар Ловен – Загреб КО 34:26, Мотор Запорожје – Санкт Петербург 29:24,
Цеље – Веспрем 26:31.
Табела: Веспрем 10, Рајн Некар Ловен 7, Мотор 5, Загреб КО 4, Цеље 4, Санкт Петербург 0.
Б група: Порто – Висла 20:24, Колдинг – Киелце 29:24, Данкерк – Кил 21:29.
Табела: Кил 8, Киелце 8, Колдинг 8, Висла 4, Порто 2, Данкерк 0.
Д група: Хамбург – Флензбург 32:27, Ла Риоха – Горење 34:31, Халмштад – Алборг 26:35.
Табела: Хамбург 10, Флензбург 7, Алборг 6, Ла Риоха 4, Горење 2, Халмштад 1. зс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП