28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNLB забележа загуба од 293 милиони евра

NLB забележа загуба од 293 милиони евра

nlb112145

Најголемата словенечка банка, државната Нова Љубљанска банка (NLB) во првите девет месеци забележа загуба од 293,5 милиони евра и пад на депозитите и кредитните пласмани на економијата и домаќинствата.

На загубата на крајот на третиот квартал намногу влијаеле отписите и резервациите поради проблематичните кредити, за што морале да бидат издвоени 344,9 милиони евра, без што работењето на банките би било позитивно, со 51,8 милиони евра добивка, објави банката во петокот, пренесува агенцијата АПФ.

Депозитите на домаќинствата во најголемата словенечка банка во првите девет месеци паднале за девет проценти, а депозитите на економијата за пет проценти, на 1,249 милијарди евра.

Депозитите на државата осетно се зголемиле, од 562 милиони на 1,357 милијарди евра, се наведува во извештајот за работата на банката во првите девет месеци од оваа година.

На сите сегменти намалено е и кредитирањето на „NLB“. Така, бруто кредитите кои банката ги одобрила за економијата во првите три квартала изнесувале 6,49 милијарди евра, што е пет проценти помалку отколку во истиот период минатата година.

За два проценти се намалени и кредитите на државата, додека, на граѓаните им се одобрени кредити во висина од 1,935 милијарди евра, што е исто така помалку отколку во истиот период минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП