26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДоколку и производниот модел би изгледал вака...

Доколку и производниот модел би изгледал вака…

subaru-legacy-concept

„Subaru“ на саемот во Лос Анџелес покрај останатото ќе го претстави и концептот „Legacy“, со кој јапонскиот производител ќе ја прославува 25-годишнината на истоимениот модел, но и сугерира како овој автомобил би можел да изгледа во иднина.

Во последно време „Subaru“ на големите светски саеми за автомобили прикажува дизајнерски храбри и ефектни концептни автомобили. Во 2013-та година тоа беа студијата „WRX“ и концептот „VIZIV“.

Новиот концепт „Legacy“ за разлика од актуелниот модел со својот дизајн повеќе наликува на купе лимузина, отколку на класичен седан. Автомобилот е долг 4.930 mm, широк 1.940 mm и висок 1.500 mm, додека меѓуосовинското растојание изнесува 2.880 mm.

subaru-legacy-concept1

Концептот го карактеризираат спортски линии со кои се одгледува агресивниот преден дел со истакната маска на ладилникот и препознатливи фарови. Линијата на покривот веќе од централните носачи на покривот се спуштаат кон задниот дел на возилото, на кој се истакнуваат специјално дизајнираните стоп светла.

„Subaru“ објаснува дека концептот „Legacy“ е замислен како функционално и удобно возило за четири лица. Деталите од внатрешноста засега не се откриени, но од компанијата велат дека во кабината се употребени висококвалитетни материјали.

За погонскиот агрегат исто така нема ништо познато, а повеќе детали за овој концепт може да очекуваме за време на авто-саемот во Лос Анџелес кој почнува на 20-ти ноември. Во секој случај ќе биде интересно да се види дали „Subaru“ во иднина ќе има доволно храброст на пазарот да понуди сериски автомобил со сличен дизајн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП