2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнкета на ФИФА: Франција најголем фаворит во баражите за СП

Анкета на ФИФА: Франција најголем фаворит во баражите за СП

fifa-full-logo

Осум европски репрезентации вечерва ќе ги одиграат првите бараж средби во обидот да се помине последната пречка за пласман на Мундијалот следната година, а според анкета на ФИФА најголеми шанси за учество на СП во Бразил и се даваат на Франција.

Вкупно 33,33 проценти од учесниците во анкетата на Светската фудбалска асоцијација својот глас го дале за „триколорите“, на второ место е Португалија со 28 %, Хрватска е трета со 13,67 проценти од гласовите.

Најнеизвесно се очекува да биде на дуелот кој ќе решава која од репрезентациите на Грција (3,35%) и Романија (1,75%) ќе оди во Бразил.

Двојки за првите бараж-дуели за СП од европската зона закажани за вечерва:
Исланд – Хрватска (почеток 20 часот),
Грција – Романија (20:45),
Португалија – Шведска (20:45),
Украина – Франција (20:45).
Реваншите ќе се одиграат на 19 ноември. з

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП