2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалени цените на паркирањето во Центар

Намалени цените на паркирањето во Центар

parkinzi

Со одлука на советниците на општина Центар, ЈП „Паркинзи– Општина Центар“ (ПОЦ) ги намали цените на дел од услугите и воведе поволности за користење на паркинзите и катната гаража кај судска палата.

Наместо 800 денари за паркирање на трети, четврти и петти кат, сега ќе се наплатува 500 денари, а цената од 1.100 денари за останатите сега ќе изнесува 800 денари.

Паркинг картата во катната гаража за еден час изнесува 20 денари. За 300 денари жителите на Центар, наместо 30 часа, добиваат гостинска карта за 90 часа.

ЈП „ПОЦ“ воведува нова надлежност на пајакот, по барање на граѓаните да може да се креваат возила кои блокираат друго возило.

На паркингот кај „Аутомакедонија“ ќе се наплатува паркирање 24 часа. Оваа одлука, вели Саша Богдановиќ, директор на ЈП „ПОЦ“ е предложена и изгласана бидејќи овој паркинг простор е секојдневно узурпиран од диви продавачи на зелениот пазар, со што станарите немаа каде да се паркираат.

Како што најавија од Општина Центар, директорот Богдановиќ наредната недела ќе разговара со претставници на лицата со посебни потреби на кои ќе им ги претстави поволностите кои за нив се предвидени од јавното претпријатие, меѓу кои бесплатно паркирање и задолжително слободно место за овие лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП