3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТој ги одби трите милијарди долари на Цукерберг

Тој ги одби трите милијарди долари на Цукерберг

Evan Spiegel

„Facebook“ и „Twitter“ според стандардите на дигиталната ера веќа станаа ветерани, а свежата крв во светот на друштвените мрежи се вика „Snapchat“ – апликација за размена на фотографии, снимки и пораки, која буквално во САД за многу кратко време привлече милиони корисници, значителни пари од инвеститори, а дури и понуда од „постариот брат“, „Facebook“. Сепак, основачот и извршниот директор, Еван Шпигел без размислување ги одби понудените три милијарди долари.

Според официјалните податоци, преку „Snapchat“ дневно се разменуваат околу 350 милиони фотографии, што е на ниво на „Facebook“, a аналитичарите на компанијата „Onavo“ тврдат дека секој петти „iPhone“ во САД ја има инсталирано оваа апликација.

Поради тоа, но и фактот дека „Snapchat“ досега привлече 94 милиони долари од инвеститори, Марк Цукерберг одлучи да откупи 100 проценти од сопственоста на компанијата.

Сепак, како што пишува „Волстрит Журнал“, 23-годишниот Шпигел му препорачал на Цукерберг и на останатите заинтересирани, дека во овој момент нема да разгледува никакви понуди, со оглед дека од ден во ден бројот на корисници вртоглаво расте.

Весникот вели дека „Facebook“ не е ни најсериозниот играч во трката за овој потенцијален „рудник на злато“, затоа што кинеската компанија „Tensent holdings“ подготвила дури четири милијарди долари за „Sanpchat“.

Инаку за вистинскиот број на корисници на „Snapchat“ и натаму се шпекулира, затоа што компанијата главно говори за размена на фотографии, но се проценува дака има околу 100 милиони корисници. Меѓутоа, меѓу нив најмногу има млади помеѓу 13 и 23 години.

shapchat

„Snapchat“ покрај приказните за парите го следат и некои контроверзии, од приказните дека младите (и малолетниците) воглавном го користат за т.н. „секстинг“ со непристојни фотографии, па до тоа дека е голема платформа за дигитално насилство, кое е се поголем проблем во светот.

„Snapchat“ е основан во 2011-та година како проект на Шпигел и неговите пријатели и колеги од Универзитетот Стенфорд и многу бргу го привлече вниманието со едноставниот пристап за разменување на фотографии и пораки – корисникот одбира на кои пријатели ќе им ги испрати т.н. „снапови“, а потоа и нивниот рок на траење.

Фотографиите и пораките исчезнуваат за најмногу десет секунди, односно се бришат од сите уреди, но и од самиот сервер на „Snapchat“ (барем така тврдат авторите).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП