1 мај, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИВонредна Анализа

Вонредна Анализа

fed-change-interest-rate

Денес излезе во јавност текстот на утрешното (формално) излагање на идната шефица на ФЕД Џ.Јелен. Прво официјално по објавата за нејзиното дефинитивно назначување од 7ми Ноември. Според нејзиното согледување за ситуацијата во најголемото светско стопанство истакнато е дека економските показатели се уште не се на потребните нивоа односно дека според мерките се очекува подобрување на истите. Но се уште не се баш како што би требало да бидат.

Исто така се уште е незадоволителен процентот на невработени лица кој е еден од најважните таргет цели за креирање на нови монетарни политики. Важно е да се спушти под 7%. Исто така и стапката на инфлација би требало да остане на овие ниски нивоа на краток рок.

Единствено е релативно задоволителна состојбата со пазарот на недвижности за кој може да се рече дека е подобрен. Сето ова ни дава јасни назнаки дека новата претседателка на ФЕД ке продолжи со политиките на нејзиниот претходник барем до крајот на оваа година или попросто кажано барем уште некој месец ке продолжи монетарното олеснување во вид на откуп на државни обврзници во вредност од 4.5 милијарди УСД и 4 милијарди во хипотекарни инструменти месечно.

Пазарот секако дека моментално реагираше. Прво и моментално реагираше златото кое е најголем обожавател на лесните и ефтини пари од монетарни власти. Неговата вредност скокна за 15 долари за 15 минути од 1270 на 1285 долари. Исто така и берзата во САД се израдува на потенцијалниот доток на пари во системот и забележа раст. Доларот, нормално изгуби на вредност во споредба со сите други валути.

Во изминатите 2-3 дена и еврото малку ја зајакна својата вредност како логична последица од преголемиот пад од минатата недела и успеа да стигне до границата околу 1.34  во однос на доларот и да се задржи тука некое време но по денешното слабеење на доларот заради горенаведените причини парот успеа да се искачи до 1.35.

Сега главен настан кој ке го одреди понатамошното движење е утрешното објавување на БНП за најголемите земји членки на еврозоната Франција, Германија и Италија и збирниот показател. Очекувањата се малку лоши и доколку резултатите се потврдат еврото повторно може да се најде под притисок на слабеење. Но сега е веке формиран сериозен отпо на 1.338 така да веројатноста за поголем пад сега е многу мала. Доколку резултатите се добри можно е зајакнување на парот до ниво 1.3630. Веројатноста можеби е најголема да парот ЕУР/УСД остане во овој ценовен опсег подолго време.

Кај британската фунта имавме објава на стапката на инфлација која беше под очекуванјата при што фунтата падна во однос на доларот под психолошкото ниво од 1.60 до 1.586 но утредента по објава на неколку добри показатели и излагањето на гувернерот М.Карни кој кажа дека и доколку има “статус кво“ ситуација во економијата сепак поголема е веројатноста за некое неопределено време централната банка попрво да ја зголеми каматната стапка отколку да ја намали. По ваквото излагање фунтата зајакна во однос на сите валути а потоа дополнително и во однос на доларот на вредност 1.605. Британија инаку има ниска стапка на незапосленост од околу 7% но висока стапка на национален долг.

Во секој случај волатилноста на пазарите почнува да се зголемува но сепак е прерано е за било какви заклучоци бидејки ниедна критична граница не е премината за некако со сигурност да претпоставиме или констатираме тренд. Интересно ке е да видиме дали оваа реакција ке е продолжена или повторно се ке се смири и ке прогласиме повторно “лажна узбуна“ како  што впрочем и се случуваше повеќе пати во текот на оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП