
Новиот модел „Mercedes GLA“ ќе биде опремен со 1.5 литарски dCi мотор, дознава францускиот магазин „L’Automobile“.


Новиот модел „Mercedes GLA“ ќе биде опремен со 1.5 литарски dCi мотор, дознава францускиот магазин „L’Automobile“.
Моторите на „Renault“ – „dCi“ се вградуваат во возила на „Mercedes“ веќе неколку години. Откако во својата понуда веќе го имаат моделите „A сlasѕ“ и „Citan“, 1.5 литарскиот турбо-дизел агрегат со 110 ks (81 kW) би требало да биде достапен и на купувачите на кросоверот „GLA“.
Францускиот магазин тврди дека моделот „Mercedes GLA 180 CDI“ е ценовно пристапна верзија која ќе биде поскромно опремена од стандардниот модел. Според овој извор, „Mercedes GLA 180 CDI“ се очекува во продажба да се најде во првото тромесечије од 2014-та година.
Палетата на мотори која ќе се вградува во најновиот кросовер на „Mercedes“ ќе биде опфатена со бензинските агрегати со 156 ks (115 kW) и 211 ks (155 kW), како и дизел агрегатите со 136 ks (100 kW ) и 170 ks (125 kW).