3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинаниска поддршка од 35 милиони денари за рибарство и аквакултура

Финаниска поддршка од 35 милиони денари за рибарство и аквакултура

kaliforniska-pastrmce

Вкупно 35 милиони денари или околу 600 илјади евра субвенции ќе добијат субјектите кои се занимаваат со рибарство и аквакултура.  Јавниот повик е веќе објавен и ќе трае до 30 овој месец.

Од вкупните средства за субвенции, 15 милиони денари се планирани за произведена и продадена риба, а 20 милиони денари за произведен подмладок односно матици за риба.

Сите заинтересирани кои сакаат да аплицираат треба да ги поднесат потребните документи до Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција информираше дека со по 10 денари ќе се субвенционира секој килограм произведена и продадена риба од видовите виножитна пастрмка, поточна златовчица, крап, амур, сом и тостолобик, а со по 20 денари речната и охридската патрмка.

– Заради поттикнување на конкуренцијата и поддршка на сите субејкти кои постојат во овој сектор ќе се задржи скалестото субвенционирање. Сите субјекти кои поседуваат рибници во кои се произведува риба со капацитет до 25 илјади килограми ќе добијат 100 проценти од субвенцијата, рибниците со 25 до 50 илјади килограми ќе добијат 75 проценти од субвенцијата, рибниците од 50 до 100 илјади килограми ќе добијат 50 проценти, а оние кои имаат рибници со над 100 илјади килограми ќе добијат 25 проценти од субвенцијата, појасни Ѓорѓиев.

Во однос на подмадокот, за чување на риба матица финансиската поддршка ќе се исплаќа во висина од 600 денари по риба со тоа што за видовите речна, виножитна и охридска пастрмка ќе се финансираат до 700 броја на произведена риба, за крапот ќе се финансираат најмногу до 300 риби, а за останатите видови до 50 произведени единици.

За набавениот производителен подмладок ќе се дава субвенција со која ќе се покријат 40 проценти од трошоците за набавка на подмладокот.

– Рокот е фиксен и тој нема да биде продолжуван и затоа апелираме субјектите навремено да аплицираат. Овие 35 милиони денари кои Владата ги има издвоено како средства за поддршка се добра сума, а субјектите имаат доста време за подготовка за да ги поднесат апликациите, да влезат во процедура и да се стекнат со можноста да ги добијат средствата кои ги заслужиле и на тој начин да придонесат за развој на нивниот бизнис, нагласи Ѓорѓиев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП