22 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААмериканскиот суд: Google незаконски го монополизира пазарот на дигитални реклами

Американскиот суд: Google незаконски го монополизира пазарот на дигитални реклами

Федерален судија во САД пресуди дека Google незаконски има монопол во два сектори на онлајн рекламирање, што е уште еден правен удар од Вашингтон за технолошкиот гигант.

Судијата Леони Бринкема од Окружниот суд во САД заклучи дека Google го прекршил американскиот антимонополски закон со „намерно стекнување и одржување на монополска моќ“ во клучните делови од екосистемот за дигитално рекламирање. Google незаконски обезбеди доминација со комбинирање на својот адвертајзинг сервер, кој управува со продажбата на реклами за издавачите, и неговата огласувачка размена, која аукциски доделува дигитални огласи.

Google се соочува со можно разделување на компанијата

Американското Министерство за правда и 17 државни јавни обвинители покренаа случај против Google во 2023 година, обвинувајќи ја компанијата дека ги користи своите алатки за објавување и други клучни услуги за да го зацврсти нелегалниот монопол на пазарот на дигитални реклами од речиси 300 милијарди долари.

Пресудата го означува вториот голем антимонополски пораз на Google за помалку од една година. Во август, судијата Амит Мехта откри дека компанијата незаконски ги монополизирала пазарите за пребарување и рекламирање на Интернет во текот на изминатата деценија.

Министерството за правда сега се обидува да ги одвои услугите за рекламирање и пребарување на Google, што би значело фундаментално преструктуирање на компанијата.

Google најавува жалба на пресудата

Судијката Бринхам отфрли дел од тужбата, заклучувајќи дека одделот и државите не докажале дека Google има монопол на мрежите што ги поврзуваат огласувачите со издавачите.

Потпретседателката на Google за регулаторни прашања, Ли-Ен Малхоланд, рече дека компанијата добила половина од случајот и дека ќе поднесе жалба на остатокот.

„Судот утврди дека нашите алатки за рекламирање и стекнување, како DoubleClick, не ѝ штетат на конкуренцијата“, напиша Малхоланд. „Не се согласуваме со пресудата за нашите алатки за издавачи. Издавачите имаат многу опции и избираат Google бидејќи нашите алатки се едноставни, достапни и ефективни.

Додека Google ја подготвува жалбата, случајот преминува во фаза на определување казнени мерки и потенцијални структурни промени за компанијата.

Во сличен правен спор, Meta се соочува со тужба од американската Федерална трговска комисија (FTC), која тврди дека компанијата има нелегален монопол на социјалните мрежи. Ако FTC победи, судот би можел да му нареди на Meta да ги одвои Instagram и WhatsApp, според Politico.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП