29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФерари и Маса се разделија

Ферари и Маса се разделија

felipe masa ferari

Фелипе Маса, за кого сезоната 2013-та е последна во тимот на Ферари, секогаш ќе биде дел од историјата на Скудерија. Тоа го рече претседателот на тимот, Лука ди Монтеѕемоло.

За време на последната трка за сезоната на шампионатот „Ferrari Challenge“ беше организирано и официјалното испраќање на Фелипе. И покрај дождливото време  на патеката Мугело присуствуваа повеќе од 15.000 луѓе.

Токму на оваа патека Маса за прв пат тестира болид од Формула 1 со Заубер, а во 2001-ва година Бразилецот дебитира во Гран При со истиот тим во 2002-та година. Следната година тој станува тест пилот на Ферари. Во 2004-та и 2005-та повторно е пилот во Заубер, а од сезоната 2006-та до моментов вози за Ферари. Прва победа на Маса е во Турција во 2006-та, а во истата година тој победи и на домашна трка во Бразил, а тоа го опишува како еден од најсреќните моменти во спортот. Тој има уште 9 победи во Формула 1, како и 15 пати стартуваше од првата позиција. Негов најдобар пласман во шампионатот е второ место во 2008-та година, кога само 1 поен го делеше од светската титула.

„Јас сум среќен. Имав одлична кариера во Ферари. Кога почнав да се натпреварувам со картинг како дете имав црвен комбилизон на Ферари, а тоа секогаш беше тимот кој сум поддржувал. Дури и кога Сена беше во Мекларен, а Нелсон Пике во Вилијамс, јас бев за Ферари. Имам толку многу пријатели тука… Ќе ми недостигаат, како и пријатните дена поминати во фабриката во Маранело. Задоволен сум од времето во Скудерија“, заврши Маса.

Ди Монтеѕемоло исто така му се заблагодари на Маса:

„Фелипе беше вистински член на Ферари. Тој секогаш ќе биде дел од нашата историја во сите натпреварувања во кои возел за нас, сите победи, полпозиции и оние моменти на радост. Поминавме прекрасни моменти заедно, но и тешки, како инцидентот во Будимпешта. Сакам да му се заблагодарам јавно, откако веќе го направив тоа лично“.

„Мислам дека одлуката да се разделиме е правилна како за нас, така и за него. Време е за промена и за наоѓање на нова мотивација. Му посакувам на Фелипе успех, почнувајќи со последните две трки од сезоната. Што се однесува до остатокот од неговата кариера во Формула 1, му посакувам се најдобро“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП