7 мај, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку минути пешачење дневно се доволни за поздраво срце?

Колку минути пешачење дневно се доволни за поздраво срце?

Пешачењето е една од најефикасните активности за подобрување на физичкото и менталното здравје – можеби дури и помоќно отколку што мислиме. Според една студија на Harvard Health, само 21 минута пешачење дневно може да го намали ризикот од срцеви заболувања за 30 проценти. Освен тоа, пешачењето помага во намалување на крвниот притисок, холестеролот, го намалува ризикот од дијабетес и рак и ја подобрува менталната острина, пишува HuffPost.

Придобивките од пешачењето:

Го намалува ризикот од болести – ја стимулира работата на срцето и ја подобрува циркулацијата.
Помага при контрола на тежината – Секоја минута брзо одење го намалува ризикот од дебелина за 5 проценти.

Го подобрува расположението – Физичката активност го намалува стресот и анксиозноста.
Ги спречува негативните ефекти од продолженото седење – Идеален е за луѓе кои поминуваат многу време седејќи, без разлика дали се на работа или дома.

Како да вклучите повеќе одење во вашето секојдневие?

Прошетка со пријателите – Освен што е помотивирано, шетањето во друштво може да стане и забавна рутина.
Слушајте го вашиот омилен подкаст или музика – ова ќе ја направи вашата прошетка уште попријатна и нешто што ќе го очекувате.

Започнете со мали чекори – Доколку немате време за 20-минутна прошетка, започнете со кратки прошетки од неколку минути и постепено зголемувајте го времетраењето.

Без разлика на возраста и физичката подготвеност, пешачењето е една од најдобрите навики за долгорочно здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП