3 мај, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕКардиолози: Престанете да јадете 3 популарни видови месо ако сакате здраво срце

Кардиолози: Престанете да јадете 3 популарни видови месо ако сакате здраво срце

Месото е важен дел од исхраната на многу луѓе, но не сите видови месо се подеднакво корисни за здравјето – особено кога станува збор за крвниот притисок и здравјето на срцето.

Одредени видови месо, особено оние богати со натриум, заситени масти и конзерванси, можат да придонесат за хипертензија, да го подигнат нивото на холестерол и да го зголемат ризикот од срцеви заболувања. Експертите предупредуваат дека некои видови месо можат да имаат штетно влијание врз кардиоваскуларниот систем и треба да се консумираат умерено или да се избегнуваат.

Виршли

Иако се погодни и често се поврзуваат со летните скари, виршлите се еден од најлошите видови преработено месо за здравјето на срцето.

„Вршлите се богати со заситени масти и натриум, што може да придонесе за развој на срцеви заболувања“, вели кардиологот др. Мајкл Рос Мекдоналд за „SheFinds“.

Заситените масти го зголемуваат ризикот од таложење на наслаги во артериите, нивно стеснување и ограничување на протокот на крв. Дополнително, високата содржина на натриум може да предизвика задржување на течности, ставајќи дополнително оптоварување на срцето и зголемување на крвниот притисок.

Сланина

Заедно со виршлите, сланината е исто така меѓу најнездравите преработени меса. Покрај тоа што содржи голема количина на заситени масти и натриум, може да има и дополнителни негативни здравствени ефекти.

Кардиологот Др. Леонард Ганц предупредува дека црвеното месо како сланината може негативно да влијае на вашиот липиден профил, а најновото истражување сугерира дека бактериите во вашите црева произведуваат метаболит наречен „TMAO“ кога го разградуваат месото, што може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, бубрежни заболувања и дијабетес тип 2.

„Преработеното месо, како сланината и колбасите, содржи нитрати, што може да го зголеми крвниот притисок“, вели Др. Ганц.

Пржено пилешко

Многумина избираат пилешко како поздрава алтернатива на црвеното месо, но начинот на подготовка игра клучна улога. Прженото пилешко, без разлика дали е во форма на крцкави медаљони или сендвичи, носи бројни здравствени ризици. Диететичарот Џеси Федер нагласува: „Пржените пилешки прсти или прженото пилешко содржат многу високи количини на воспалителни заситени масти, калории и натриум“.

Овие масти можат да го подигнат ЛДЛ или „лошиот“ холестерол, што доведува до затнување на артериите и зголемен ризик од срцеви заболувања. Дополнително, прекумерниот внес на натриум може да го зголеми крвниот притисок, ставајќи дополнително оптоварување на срцето. Ова е причината зошто експертите препорачуваат да изберете печено пилешко наместо пржено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП