4 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИСе очекува голем пад на австралискиот долар!?

Се очекува голем пад на австралискиот долар!?

australian_dollar

Индексот на австралискиот долар низ години наназад непрестајно растеше во однос на корпата од останатите главни светски валути, а како позначителни валутни парови AUD/USD(австралиски долар во однос на американски долар) од 2001-ва година до 2011-та година скокна за цели 120% од цена 0,4800 до 1,1050 иEUR/AUD (евро во однос на австралиски долар) од рекордно највисока цена 2,1100 во 2008-ма година до 1,1600 во 2012-та година или пад за 100%.

Но како што е познато по економско видување јаката валута и е закана за глобалната економија на секоја земја, а Австралија како еден од најголемите производители и извезувачи на метални руди (Злато,Сребро,Бакар…) како и земјоделските и сточарските продукти, видно ја намали продажбата и извозот на нејзините продукти, со што владата мораше да интервенира на каков било начин за намалување на вредноста на својата валута нмалувајки ја каматната стапка веќе 2 години по ред.

Веројатно австралијците успеваат во таа мисија, а резултатот се покажува токму оваа година, кога австралиската валута го забележува посериозниот пад, а технички гледано на поголем временски период од дневни и неделни свеќи на трговските графикони влегува во долна зона испод поголеми поддршки со креиран пробив (Break Out).

Според фундаменталните и техничките индикатори најверојатно влегуваме во историски момент на пад на австралискиот долар и рушење на најниски рекорди во однос на американскиот долар и еврото.

Доколку анализата и предвидувањето се оствари, валутниот пар AUD/USD најверојатно за скоро време ќе достигне до најниската цена од јуни 2013-та година 0,8900 и тоа до крајот на оваа година, а на графичкиот приказ може да заприметете дека се креира надолен канал кој ја оцртува патеката на движењето на овој валутен пар.

audusddaily

Кај валутниот пар EUR/AUD на графичкиот приказ може да забележете позначителна поддршка или веројатно креирање на дупло дно (Double Bottom) на цена 1,4130, исто така цената се одбива од тренд линијата која ги поврзува двата претходни врвови, а доколку проследиме посилен нагорен тренд на помал временски период тоа и би значело еден нов почеток на долг нагорен тренд на еврото спроти австралискиот долар.

eurauddaily

Срдечно,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП