27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan ќе претстави нов спортски електричен автомобил (видео)

Nissan ќе претстави нов спортски електричен автомобил (видео)

„Nissan“ објави дека ќе претстави спортски концепт на електричен автомобил за време на автомобилскиот саем во Токио. Вториот најголем јапонски автопроизводител кој веќе го продава својот електричен модел „Leaf“ од 2010-та година, соопшти дека се надева дека моделот „Nissan BladeGlider“ ќе биде интересен за мажите возачи кои сакаат автомобил со добри перформанси и стил, а кој исто така не е штетен за животната средина.

Автомобилот, кој ќе биде претставен подоцна овој месец, има аеродинамичен дизајн, возилото се проширува од предниот до задниот дел и има место за возачот и двајца патници зад него. Возачкото место е позициониран во средината на возилото, за да се создаде чувство за пилотирање на авион, велат од „Nissan“.

Концепт возилото се цели за луксузниот пазар на електричните автомобили, каде што веќе познат успех има американската компанија „Tesla“.

„Nissan“ има инвестирано околу 4 милијарди евра во развој на електрични автомобили во партнерство со француската „Renault“, која поседува над 40 проценти од „Nissan“. Во текот на оваа недела „Renault-Nissan“ објави партнерство во сферата на електричните автомобили со „Mitsubishi“. Од „Nissan“ велат дека продале над 80.000 парчиња од електричниот автомобили „Leaf“ на глобално ниво од излегувањето на моделот од пред три години. Компанијата има продадено вкупно 4.9 милиони автомобили во светот минатата финансиска година.

Оваа недела од „Toyota“ објавија дека планираат да претстават концепт возило со горивна ќелија на саемот во Токио, што ќе се одржи од 20-ти ноември до 1-ви декември. Вкупно 177 компании ќе бидат присутни на саемот, а меѓу нив ќе се најдат брендови како „Toyota“, „Nissan“, „BMW“, „Jaguar“, „Mercedes- Benz“ и „Peugeot“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП