17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоследни пресметки за цената по која разгалените државни институции и недомаќинските јавни...

Последни пресметки за цената по која разгалените државни институции и недомаќинските јавни претпријатија ќе ја плаќаат струјата!

Околку две илјади државни институции од областа на образобанието, здравството, социјалата, локалните самоуправи, буквално се што е под државна капа ќе добие посебна привилигија да користи електрична енергија која ќе се набавува по еден здружен пат.

Ќе се настапува како балансна група која ќе добива струја поскапа од онаа која ја користат домаќинствата но далеку поевтина од онаа која се набавува од берзите. Јавните претпријатија општините и голем број на останати државни институции и натаму имаат проблем да набавуваат електрична енергија по повисоки цени, други пак одат во друга крајност, енормно се задолжуваат за да ги покријат потребите за електрична енергија без притоа да помислат на последиците од продлабочениот минус на нивната сметка.

Согласно Законот за енергетика компаниите кои имаат над 50 вработени или над два милиони евра приход во претходната година, задолжително одат на слободниот пазар на електрична енергија. Најголемиот дел од овие јавни, водоводни или комунални претпријатија според законот мора да одат на отворениот пазар.

Според информациите, државата подготвува некаков план за овие претпријатија, а новите правила се прават во министерството за енергетика. Можно е, не само јавните фирми туку во тој пакет на субјекти да влезат и училиштата, градинките и други институции кои се под државна или општинска надлежност.

„Доколку се спојат неколку општини во група, балансна група, и за нив да може да се распише тендер – каде што на едно место ќе имате голем број на потрошувачи и на тој начин апсолутно е дека снабдувачите ќе понудат далеку пониска маржа, или пак како друга опција може нив да ги превземе ЕСМ. Но за нив ќе мора да важи друга цена, одредена цена која нема да му генерира загуби на ЕСМ. Цената би била повисока од онаа која што ја плаќаат домаќинствата, но пониска од цената која е на слободниот пазар, односно на берзите“, велат од РКЕ.

Оваа пракса на проблематично однесување на општините и дсржавните институции кога се во прашање сметките за стуја започна во ек на енергетската криза. Тогаш државата им дозволи од слободниот пазар да се префрлат на регулираниот пазар. Но во тој период еден мегават час на берзите достиугнуваше и до 800 евра, а сега состојбата ни од далеку не е таква.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП