5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција: 900.000 нови работни места годишно

Турција: 900.000 нови работни места годишно

turccijja

Турскиот заменик премиер Али Бабакан изјави дека целта на турската влада е во периодот од 2014 до 2016 година да се отворат 1,8 милиони нови работни места.

Намерата на владата е со овој потег да ја намали невработеноста на околу 8,9 проценти.

Невработеноста во Турција, според статистичкиот завод на оваа земја, во јули оваа година изнесуваше 9,3 проценти.

„Планираме раст од четири проценти во 2014 година, а од пет проценти во 2015 и 2016 година, како и што објавивме претходно во нашата последна среднорочна економска прогноза. Во согласност со тоа, планираме да отвориме 1,8 милиони нови работни места од 2014 до 2016 година, со што ќе се намали невработеноста на околу 8,9 проценти“, изјави Бабакан.

Главни приоритети за Турција се намалувањето на инфлацијата и буџетскиот дефицит, поттикнувањето на економскиот раст и намалувањето на невработеноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП